Кога Џоан Ролинг започнала со раскажување на авантурите на својот замислен јунак Хари Потер, неговите школски другари, борбата помеѓу доброто и злото во нејзин замислен свет, не можела ни во своите најлуди соништа да претпостави какво влијание ќе остави врз целокупното општество нејзиното творештво, и колку многу животи на генерации на млади луѓе ќе бидат допрени од сето тоа. Свесно или не, ни кажала колку е битно да бидеме добри и секогаш на правата страна, и повторно, свесно или не, тоа најдобро го направила со споредните ликови во серијалот книги, кои и тоа како ги допреле нашите чувства.

Меги Смит е една од најпознатите и најпрепознатливи актерки во историјата на филмската уметност. Британка, со класичен британски (уникатен) изглед и препознатлив глас, родена на 28 декември 1934 година. На филмското платно се појавила 85 пати.

Првата главна улога со која се претставила пред светот е во филмот „Nowhere to go“ во 1958 година. Црно – бела крими драма без некоја голема значајност за филмската индустрија. Од тука натаму нејзината кариера оди во нагорна линија без запирање.

Играла во „Отело“ заедно со Лоренс Оливие во 1965 година, “The prime of miss Jean Brodie“ во 1969 година, “California Suite“ со Мајкл Кејн и Џејн Фонда и многу други фантастични филмски остварувања.

Screenshot 2024 09 30 at 18 45 43 maggie smith Search Results Facebook

Меги во својата филмска кариера била номинирана 6 пати за оскар, а го освоила 2 пати со улогите во филмовите „The prime of miss Jean Brodie„ и „California Suite“.

Исто така, таа е една од 17 актерки во историјата со тројна круна на награди (Оскар, Еми, и Тони), во друштво на Ингрид Бергман, Лајза Минели, Одри Хепберн, Хелен Мирен, Виола Дејвис и други врвни актерки.

Нејзината кариера била фантастична, закитена со огромен број на награди и признанија, но за жал за нејзината претходна работа, никој (или скоро никој) нема да ја памети како оскаровката Меги Смит, или како Меги Смит носителката на тројната круна, ниту па некој ги гледа, или ќе ги гледа двата нејзини филмови со кои добила оскар. Таа, во нејзината доцна старост, од Меги Смит, за светот, се трансформира во професорката Минерва Мегонигал – професорка по трансформации во Хогвардс – училиштето за вештерство и волшебство.

Кога се создавал Хари Потер, универзумот, ниту Џоан Ролинг можела да замисли дека некој нејзин замислен лик ќе биде прикажан на големото платно од толку ценета и наградувана актерка, ниту Меги Смит можела да замисли дека светот ќе ја памети како строгата, но добра (со мајчински карактеристики) професорка, од книга за деца.

mm1

Феноменот на Хари Потер и ден денес е сѐ уште присутен, иако има цели 14 години од премиерата на последниот дел од филмовите, а приближно тука е некаде и последната книга. Тоа беше време кога светот го имаше фатено лудило по приказната којашто едвај чекавме да заврши, и никој не можеше да претпостави како сето тоа ќе биде конечно крунисано!

Цели генерации на деца, кои започнаа да ги читаат книгите за Хари и другарите, а подоцна ги видоа и на големото платно, буквално пораснаа со овие ликови. Ликови кои беа целосно измислени, но сите ние чувствувавме како да ни се и нас другари. Дел од тие ликови беше и професорката Мегонигал, која што се чинеше дека ни е и нас професорка. Кога бевме помали (основно училиште), а растевме со Хари Потер во слободно време, сите имавме поистоветено некоја од нашите наставнички со Минерва Мегонигал, а кога ја видовме големата Меги на големото платно како им дава лик и душа на зборовите во книгите, сите ние Potterheads барем за миг посакавме да ни биде професорка и нас (или ние да одиме да учиме во Хогвардс).

mm edited

Меги Смит почина во длабока старост, на нејзини 89 години. И покрај двата оскара, и сите награди кои ги доби во текот на нејзината фантастична актерска кариера, таа засекогаш ќе остане во сеќавањето како професорката Минерва Мегонигал! Професорката по трансформација која ја трансформира Меги од оскаровка од едно далечно минато во култен филмски лик од култни литературни и филмски остварувања, поради коишто ќе биде засекогаш запаметена!

Претплатете се за новости

You May Also Like

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

БУТИН: Која е реалноста – хипокризија вклучена на шестка

Пишува: Биљана Т. Димко Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен…