Над 100 ученици денес ја започнаа школската 2022/2023 година која Детското ликовно студио “Свети Кирил и Mетодиј” Битола традиционално како почеток ја организира на 10 Септември.

монмартр уписи 7

Формирани се пет полни паралелки од по 20 ученици а според најавите од ДЛС ќе се организираат и за дополнителна шеста. Учениците се на возраст од 4 до 18 години и во ДЛС ќе сликаат секоја среда и сабота на теми кои ќе им ги задаваат и за чија реализација и едукација ќе се грижат ликовните педагози а за учество и на бројни детски ликовни конкурси и детски ликовни колонии во Хонг Конг [ Кина ] – Романија – Бугарија – Србија – Португалија и новата во фаза на формирање за 2О23 година во Израел.

монмартр уписи 8

Претседателот на УО при ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола, Славчо Неделковски изјави:

монмартр уписи 9

„Честитаме на сите наши ученици нови и стари за успешниот почеток на нашата школска година. И оваа како и оние изминати низ 50 години ќе е целосно бесплатна по основ на членувањето и иако сме без решен статус кој МОН ни го поништи по 30 години решивме да ја започнеме оваа школска година не со 40 ученици ами со сите оние млади ликовни талентирани уметници со кои нашите ликовни педагози ќе можат да работат.

монмартр уписи 6

Воедно од понеделник започнуваме со завршните подготовки за учество на светската детска ликовна колонија “Евора 2023” која со своето 23-то издание е наша сестринска во Португалија и исто така под УНЕСКО програма а ќе трае од 9 – 16 Октомври 2022 година, а на која носиме 2 наши ученички.

монмартр уписи 5

Кога сме кај УНЕСКО ни следат и состаноци со членови на управниот одбор на УНЕСКО кои ќе се реализираат при службена посета на Софија каде имаат свои тековни активности.

монмартр уписи

Во меѓувреме го очекуваме МОН со својот одговор за кој министерот Шаќири ни соопшти дека ќе го имаме како форма во понеделник и ако истиот е негативен дефинитивно ќе го проследиме со жалба низ судските органи.

монмартр уписи 2

Огромна информација за брендот “Мал Битолски Монмартр” е што истиот по 41 година ќе има меѓународен Управен одбор во состав од 1О членови и со кој за 42-рото издание за 2О23 година ќе има дуо Претседателство од Хонг Конг [ Кина ] и Израел а ќе се формира и Меѓународна жири комисија под претседателство на Србија а во кое ќе членуваат и Португалија – Турција и Романија а Русија ќе е одговорна за мастер класовите”

монмартр уписи 3

Мандатот на овие органи ќе е една година а целта на оваа активност е издигање на ниво на глобална колонија што и е како најстара и од која произлегле најмалку 10 други.”

монмартр уписи 4

Фото: Ивона Кочов

    Осаменост меѓу луѓе – тишината што најмногу боли
    „Осаменоста не потекнува од немањето на луѓе околу вас. Осаменоста се случува …
    На 8 март започнува пријавувањето за женската трка „Биди Своја“ 2026
    На 8 Март – Денот на жената, официјално започнува пријавувањето за четвртото …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…