1 e1659113901937

При крајот на 52. издание на фестивалот „Илинденски денови“ поразговаравме со Димче Миновски, еден од првите водители на фестивалот кој на сцената во таа функција беше скоро 20 години. Димче, кој денеска, на 29 јули наполна 80 години, ни раскажа за почетоците, ни покажа голем број благодарници, фотографии..сподели со нас и неколку сеќавања.

10

„Бев многу млад, но останале некои спомени. Како се роди идејата за илинденските денови? Сето се случуваше во културно просветната заедница – КПЗ, која беше столбот на сите културни манифестации. Се собиравме таму, јас по новинарска обврска постојано бев таму присутен. Почна да се размислува дали на Битола и е потребна една поголема маннифестација. Мислам дека идејата ја даде Илија Алушевски, вљубеник во фолклорот. Имаше и спротивставени мислења, дека не и е потребен таков фестивал на Битола. Повеќе сакаа нешто како серенадата, забавната, класичната музика…Но, на крај се одлучи да се создадат „Илинденските денови“. Јас бев млад новинар, ги следев активностите на КПЗ, не бев член на Управниот Одбор, но се вклучив во таа група која ги создаде „Илинденските денови“, ни раскажа Димче.

Тој вели дека на почетоците, исклучиво се бараше да се почитува изворниот фолклор, а стручни лица од фестивалот одеа по местата од каде беа пријавени групите.

„Неколку Илинденски денови се одржуваа на терасата во Домот на армијата, а потоа се префрлија на ракометното игралиште. Сега гледам има малку народ, а порано идеа иселениците да гледаат, со невидена љубов ги следеа, затоа имаше по 7-8000 гледачи, народот го сакаше фолклорот и уживаше. Кога се пренесе во ракометното игралиште имаше невидено голем интерес, многу наши сонародници од прекуокеанските земји ги темпераа своите посети за да бидат тука за време на Илинденските денови. Со љубов се гледаше, со деца, доаѓаа цели семејства, немаше игла каде да се фрли, а и од селата доаѓаа цели семејства да ги гледаат групите. „Илинденски денови“ остаа белег на градот, извор на многу податоци, како се негувал фолклорот. Се радувам што постојат. Очекувам и се надевам дека Илинденските денови ќе продолжат“, вели Димче и дополнува дека благодарение на овој фестивал, стекнале голем број пријателска, но и дека голем број културно уметнички друштва биле формирани благодарение на фестивалот, за да може да учествуваат на него.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

    Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…