Македонското научно друштво – Битола (МНД) и НУ Народен театар – Битола (НТБ) потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа директорот на Народен театар – Битола, Васко Мавровски и претседателката на Македонското научно друштво – Битола – проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска.
Со овој меморандум беше воспоставена соработка помеѓу Театарот и Македонското научно друштво во пресрет на големиот јубилеј 65 години постоење на МНД.
МНД и НТБ во иднина интензивно ќе соработуваат во областа на уметноста, литературата, театарската критика и другите области сродни за двете институции, а ќе се стимулира и посетувањето театарски претстави и пишувањето критика пред пошироката академска и научна заедница.