dls

Четири ученички на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола се добитнички на златен медал од учеството на 26-тото издание на светската детска ликовна изложба по конкурс „Светски младински ликовен конкурс” од Нова Загора – Бугарија.

viber image 2025 03 01 13 09 29 500

„Пријатно изненадени, а сепак нескромно не без очекувања ја добивме информацијата дека 4 наши ученички се добитнички на златни медали на 26-тиот „Светски младински ликовен конкурс” од Нова Загора – Бугарија.

Тоа се нашите ученички Леа Стерјев [ 16 ] – Бојана Стефановска [ 14 ] – Ивана Влкановска [ 14 ] и Ана Марија Спировска [ 13 ] кои последната година нижат огромни успеси на светско ниво.

viber image 2025 03 01 13 09 29 834

Секако нескромно е и информацијата дека ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола учество на овој конкрус има од неговото формирање т.е. 26 години и ги помина квалификациите со што ја претставуваше Македонија на овој значаен настан.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на ДЛС.

На 26-тиот “Светски младински ликовен конкурс” од Нова Загора – Бугарија пристигнаа детски ликовни творби од 34 држава кои формираа фонд од 3.173 дела од млади ликовни уметници и талентирани ученици од кои Меѓународната жири комисија додели 584 награди и тоа 546 медали со дипломи за учесници – 13 награди за колекции и 25 награди за ликовни педагози.

viber image 2025 03 01 13 09 29 990

„Овие награди и признанија кои се од највисоко ниво се нешто поради кое ДЛС без прекин 57-ма година ја работи мисијата на својот основач – светски реномираниот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски а тоа е обезбедува ликовна едукација на младите ликовни уметници и талентираните ученици од нашата организација.

И таа мисија нема да прекине иако реално за некого како концепт не е сосема јасна но наградите кои ги добиваат нашите ученици го имаат одговорот дека клучот до успехот е тој и сериозно е несериозно да менуваме нешто што функционира.

Ние оваа радосна вест ја добиваме во екот на подготовките на 43. издание на светската детска ликовна изложба по конкурс „Битола” и 44. издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” на кои според првичните информации покани веќе се пратени до 25 делегации од исто толку земји за учество – Меѓународната жири комисија работи на оценки и жирирање на пристигнатите награди но поради огромниот обем оваа година имаме новитети во постапката.

viber image 2025 03 01 13 32 14 019

Имено на 2О март ќе бидат објавени т.н. големи награди додека наградите за ученици – учесници “златна палета” за колекции “златна четка” за колекции и награди за специјални ќе бидат објавени на 2О април 2О25 година.

Ова е поради пристигнатите над 8ОО пратки на конкурсот од исто толку приватни и државни школи од над 8О држави од светот кои ќе генерираат рекорден фонд од над 75.ООО детски цртежи од кои ние имаме огромна задача со Жири комисијата и Меѓународниот управен одбор на МБМ да селектираме само 1.ООО дела за изложбата и 45О награди за ученици.

viber image 2025 03 01 13 32 14 076

И тоа е поприлично обемна работа на која максимално професионално работиме – секој во својот домен.” – изјави Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.

Според неофицијални информации оваа година на “Мал Битолски Монмартр” се очекува рекордно присуство од над 18О учесници а повеќе детали за манифестациите најавуваат на наведените датуми.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…