valentina

Од 12 до 15 август во Турку, Финска се одржа грандиозниот саем на науката “Science on Stage Festival 2024” . На овој настан, кој се одржува на секои 2 години, од Македонија за прв пат учествуваa тројца претставници, предводени од координаторката Феџиде Адеми. Импресиите од овој настан и од Финска ни ги пренесе Валентина Степановска Андонова, наставник во ОУ „Даме Груев“ Битола.

d9f7a263 1594 42df 9fa0 90eabe48a8fc

„Тие 4 дена ние бевме едно големо семејство составено од околу 450 учесници од 35 држави во Европа, секој од нас, настојувајќи што е можно подобро и поуспешно да ја претстави својата земја. „Вие сте амбасадори на своите земји и сите сте победници“ – тоа беше едноставна, но моќна реченица искажана од страна на организаторите на “Science on Stage Festival 2024”, која ни даваше дополнителна инспирација.

1c547049 0e14 4ede 907e 3a6e6beb18d7

Всушност, ние како учесници и претставници од своите земји не дојдовме по случаен избор. Конкретно, во Македонија во ноември, 2023 година во Тетово во организација на Stemlab и Science on Stage North Macedonia беше спроведен национален натпревар помеѓу наставници, креатори на иновативни проекти  од областа на СТЕМ предметите“, вели таа.

26a738b6 7a1a 4b6d 981f eb5356287ef3

Најважниот момент во сите 4 дена беше претставувањето на сопствените проекти пред колегите од Европа под мотото „За наставници од наставници“ и пред сите посетители, кои во огромен број беа присутни на саемот.

73168ad4 8ab6 4c59 b21c 97e95967b0fe

„Навраќајќи се на моментите поминати  на интернационалниот саем за наука, можам да кажам дека деновите се топеа како минути исполнети со интересни работилници, пленарни сесии, предавања, ставајќи акцент на начинот на имплементација на вештачката интелегенција, посебно во СТЕМ предметите. Најважниот момент беше претставувањето на нашите проекти. А во слободното време ја истражувавме магијата на градот Турку.

f4f75e11 cd74 4f5e b7dc 58d3d0ec3d2b

За време на самиот настан голем впечаток ми остави и “Science on Stage Choir” , во кој учествувавме 30-тина вљубеници на кои музиката ни е хоби, а со тоа и направивме да заживее спојот наука+музика за да додаде релаксирачка нота и еуфорија на самиот настан.

9afceb86 6ec5 44ac a7e8 37a7467c9f9e

За импресиите од овој саем можам премногу да пишувам, но ќе кажам кратко дека тие се едноставно прекрасни, бидејќи навистина имаше што да се научи. Пред сè, меѓусебно запознавање на мотивираните наставници ширум Европа, односно нивните интересни и применливи проекти. За мене, едно позитивно искуство засновано на дружење, разменување на идеи, учење на нови култури и менталитет, раскажува Валентина и на крајот го коментира нејзиното видување за Финска како земја:

b5d39c4b 343a 4bc4 a63e 4876e9709c10

„За крај, фасцинирана сум од смирението, неверојатно добрата организираност, високото ниво на почит кон својата земја и животната средина, како и енормното ниво на култура кај финскиот народ. Па, нам ни преостанува да ја негуваме и вреднуваме среќата што ја почувствувавме од најсреќната земја во светот“.

Продолжуваат успесите на меѓународни Еразмус проекти во Основното училиште „Даме Груев“ -Битола
Основното  училиште „Даме Груев“ Битола  е препознатливо по низа Еразмус проекти поврзани …
Децата кои се физички активни имаат поголема самодоверба и се подобри ученици
Современото родителство претставува вистински предизвик. Родителите сѐ помалку можат да им влијаат …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…