viber image 2025 02 24 12 26 21 906

Во свет каде што жените секојдневно се соочуваат со предизвици и очекувања, постојат оние кои ги поместуваат границите и инспирираат со својот пример. Една од нив е Маја Атанасовска, спортистка и организаторка на женската трка „Биди своја“ во Битола – настан кој не е само спортски предизвик, туку и порака за храброст, самодоверба и личен раст. Во ова интервју, Маја споделува што ја мотивирало да ја организира трката, како успева да го слуша своето тело додека ги освојува сопствените граници и зошто е важно секоја жена да ја најде својата патека. Таа во рана бременост истрча полумаратан – 21 километар, а неодамна, во седми месец од бременост учествуваше на треил трката за вино и љубов.

viber image 2025 02 24 12 28 17 237

Читај бе: Што Ве мотивираше да ја организирате трката „Биди своја“ и каква порака сакате да им пренесете на жените преку овој настан?

Маја: Мојата најголема мотивација беше желбата да создадам простор каде што жените ќе можат да ја почувствуваат својата сила, поддршка и слобода. „Биди своја“ не е само трка – тоа е потсетник дека секоја жена треба да си верува дека Можи да се движи, да расте и да се надминува себеси без страв и паника (Леле не можам😃) Пораката е едноставна: не споредувај се со другите, најди ја сопствената патека и трчај по своите цели.

viber image 2025 02 24 12 26 21 834 edited

Читај бе: Вие лично сте инспирација за многу жени – трчавте полумаратон во рана бременост и учествувавте на треил трка во седмиот месец. Како успевате да го слушате своето тело и да ги поместувате границите?

Маја: Слушањето на телото е нешто што се учи со текот на времето.За мене движењето е природен дел од животот. Знам кога му е потребно одмор но и предизвици. На предизвикот одам силно, без страв – напротив, секогаш наоѓам баланс меѓу тоа што го сакам и тоа што ми го – напротив, секогаш наоѓам баланс меѓу тоа што го сакам и тоа што ми го кажува моето тело. Но, исто така, верувам дека границите често постојат само во нашите глави. Кога ќе ја смениме перспективата и ќе веруваме во себе, сфаќаме дека можеме многу повеќе од колку што  мислеле.

viber image 2025 02 24 12 26 21 753

Читај бе: Колку е важно жените да си поставуваат лични предизвици и како спортот може да им помогне во тоа?

Маја: Предизвиците ни помагаат да растеме, да станеме похрабри и поуверени во себеси. Спортот е идеален начин за тоа – ни покажува дека со труд и посветеност можеме да постигнеме повеќе одошто сме замислувале. Не мора тоа да биде маратон или голема цел, понекогаш и најмалите чекори прават разлика. Најважно е да почнеме, а сè друго доаѓа со време.

viber image 2025 02 24 12 28 17 135

Читај бе: Пријавувањето за трката започнува на 8 март, симболично на Меѓународниот ден на жената. Каква е симболиката на овој датум за Вас и за трката „Биди своја“?

Маја: 8-ми Март не  е само ден за цвеќиња, туку ден што ги потсетува жените на борба, почит и сила, па затоа сакам на тој ден да почнат да се пријавуваат.

jk travel hoteli vo grcija
Водокрст, денот пред Богојавление
На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос …
Значење на Богојавленската вода
Богојавленската вода е значајна потврда на православната вера.Богојавленската вода со години останува …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…