lazareva

Лазарева сабота (Врбица) се слави во сабота во очи на празникот Цветници (кој секогаш паѓа во шестата недела од Великиот пост) и е посветена на споменот на воскреснувањето на четиридневниот Лазар, и на влегувањето на Христос во Ерусалим.

„Лазаре, излези надвор“ (Јов.11:43)

Сожалувајќи се на солзите на Марта и Марија, си заповедал да го тргнат каменот од Гробот, Христе Боже; со Твојот повик го воскресна мртовецот, Ти Кој на светот му даваш живот, утврдувајќи ја со Себе верата во Воскресението. Слава на Твојата сила, Спасителу, слава на власта Твоја, слава Ти Тебе, Кој со Својот збор си создал сѐ.

(Седален на Утрената)

Денес во ликот на Лазара, Црквата благовести за Воскресението. Првиот Адам, оддалечен со гревот од лицето Божјо, пребиваше во сенката на смртта. Новиот Адам, Синот Човечки, покажува дека човекот во присуството Божјо, може да претрпи сѐ – и страдање, и смрт. Не може смртта да е посилна кога сме со Оној Кој ја победи смртта.

440394653 782118407348619 8475175901198935906 n

Ете, од денешното евангелие зрачи прекрасно знамение, знак на победа, четиридневниот Лазар стана од смртта. Но, оваа победа ни се дава само кога сме во совршено единство со Бога, оти Самиот Христос сега станува знак на победата Божја. И иако сѐ уште не ја празнуваме Пасхата, сепак, пееме: „Откако го видовме Христовото Воскресение“. Ја благовестиме однапред онаа реалност која е подлабока од секое друго знаење – влегувањето човечко во животот на Самиот Бог каде што нема веќе смрт!

438769561 443167221561465 6004856278096182502 n

Бог никогаш не отсуствува од оној што целосно Му се предава. Но, нашиот краток живот покажува дека ние, кои сме неверни и непостојани, Го оставаме Бога. Всушност, човекот не престанува да отсуствува, тој отсуствува и од самиот себе, се губи себе, исчезнува во настаните и во материјалните нешта. Затоа и Христос дојде кај нас, Он слезе и ни се даде за да можеме да Го познаеме и да се познаеме себеси во Него. Оти само кога сме во Него, не е можно да бидеме надвор од себе.

Сега на прагот на Страсната Седмица колку само радост буди ова благовестие на Црквата дека постои воскресение, дека човекот е повикан на воскресение и вечен живот, дека Христос има власт да нè воскресне сите и тоа го докажа повикувајќи го Лазара од прегратките на адот, само со зборот од устата Своја. “Лазаре стани”, изговори устата на Спасителот и мртовецот оживеа, излезе од гробот, завиткан во својата погребна облека, на радост и утеха на Марта и Марија.

Водокрст, денот пред Богојавление
На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос …
Значење на Богојавленската вода
Богојавленската вода е значајна потврда на православната вера.Богојавленската вода со години останува …
meblo trejd za gradina косацки

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…