ilinden bitola

Голем успех за македонскиот фолклор и за Битола – КУД „Илинден“ од Битола освои второ место и парична награда од 3.000 американски долари во категоријата автентичен фолклор на Светскиот натпревар „World Folk Dance Competition“ кој се одржа во Истанбул.

Битолските фолклористи се претставија со ороводната песна „Седело Ѓуре“, орото „Машка копачка“ и сценската адаптација „Русински мегдан“ на м-р Љупка Стефановска, со што оставија силен впечаток кај стручното жири и публиката.

ilinden bitola3

На натпреварот учествуваа 41 фолклорна група од повеќе земји, од кои 21 се натпреваруваа во категоријата автентичен фолклор, а 20 во категоријата стилизиран фолклор.

ilinden bitola1

Во силна меѓународна конкуренција, првото место во категоријата автентичен фолклор го освои Република Башкортостан (Русија), второто место му припадна на КУД „Илинден“ – Битола, додека третото место го освои Црна Гора.

ilinden bitola5

Овој значаен успех е уште една потврда за квалитетот и посветеноста на членовите на КУД „Илинден“ – Битола, како и за вредноста на македонската народна песна, игра и традиција кои продолжуваат достоинствено да се претставуваат на светската сцена.

Од непознати мелодии до заеднички оркестар: „Етно Македонија“ го подготвува завршниот концерт во Битола
Само неколку дена се доволни една просторија исполнета со непознати мелодии, различни …
Денешните деца се тажни и осамени
Од самиот почеток, некои родители се обидуваат по секоја цена да ги …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…