Книжарницата Book’s House на 17 декември ќе го прослави првиот роденден. Саботното битолско пладне ќе биде исполнето со богата програма и голема дружба со повеќе македонски автори, поканети се сите, има посебно изненадување за најмладите читатели.

318831719 572043038086795 7972666931099934604 n

Книжарницата е сместена во старата битолска општинска зграда, архитектонски располага со рустикален и раскошен изглед кој е дополнително збогатен со истородни детали од семејството Делеви, сопствениците на книжарницата.

318426364 1485555241951496 8552275565751106159 n

Во текот на изминатава година книжарницата ја имаат посетено голем број љубители на книжевноста, писатели, поети, случајни минувачи, се имаат промовирано десетина книги од македонски автори.

Ако нешто очајно му недостигаше на градот Битола, тогаш тоа е токму оваа книжарница, која веќе една година го разбива митот за продавница за книги и има неколку поводи за тоа.

Уште од првото влегување во книжевниот простор сте опсипани со високи вибрации на гостопримливост, почит, многу често се случува при повторните посети читателите да речат дека се чувствуваат како дома, убаво и удобно.

Јулијана Делев е современа книжарка која умее во право време да ја понуди вистинската книга кај читателот. Иако таа е бескрајно скромна, но нејзината љубезност има најголемо влијание кон читателите и нејзината будност. Таа постојано е во тек со книжевните новини во Македонија и странство, така што скоро и да не се случува да пропушти ново книжевно издание.

319395134 1496054117868355 7358455748710998529 n

Најголемата поддршка во работата во книжарницата, Јуле ја има од нејзиниот сопруг, кој е извонреден познавач на книжевноста и страстен читател.

Ако ги запрашате зошто се одлучија да отворат книжарница среде пандемиски колапс, кога бизнисите беа на стаклени нозе,  ќе ви одговорат дека станува збор само за претворање на нивното хоби во работно место.

Во книжарницата Book’s House можат да се најдат изданија скоро од сите македонски издавачки куќи, им се посветува големо внимание на самостојните издавачи, книжарницата располага и со полици со  литература на англиски јазик – дела на класиците и современи автори. Во секое време се прават нарачки и резервации на книги.

318700111 1843690125968910 7762831808369722256 n

Најпозитивно е што во Book’s House  прво се промовираат македонските автори и нивните дела и секогаш се на централно место.

Книжарницата Book’s House се развива од идеја за развој на самостојно претприемништво,  бизнис – план помогнат со грант од Владата на Република Македонија.

319535634 1130338207649311 3493935104045962832 n

Но, за битолчани оваа книжарница е оживување на културниот предикат на градот, ако се земе предвид дека некогаш во Битола беше центарот на книжевната идејна и развојна мисла, во издавачка, трговска и креативна смисла.

Секој добронамерник е поканет на прославата на првиот роденден на Book’s House – читањето е ретро навика која никогаш не излегува од мода. Во Битола е кул да си модерен и начитан – дефиниција за градско дете.

Error: Contact form not found.

Вечер на музика со македонски писатели во организација на Book’s House – собраните средства за хуманитарни цели
Синоќа се одржа настанот „Хуманитарна вечер со македонски автори“ во организација на …
„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски го отвори 44. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Филмот „Домаќинство за почетници", по сценарио и во режија на Горан Столевски, …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…