Завршувањето на постот, особено на Велигденскиот кој е најдолг и најстрог, за оние кои се придржуваа кон него е многу важно и од страна на здравствен аспект. На Велигден во недела, велигденската трпеза е празнична, на неа се наоѓа месо, јајца и други продукти кои претходно не се внесувале во организмот. Многу е важно организмот постепено да се приспособи повторно кон конзумација на секојдневната исхрана, но тоа не смее да биде наеднаш. Особено треба да се внимава да не се прејадете. Затоа, побаравме совет од Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска од Сѐ за храна, како најлесно да го адаптираме нашиот организам после постите и каква храна да јадеме.

278644119 929304828469647 580523137105971787 n scaled e1650465739948

Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска

Читај бе: После седум седмици од Велигденскиот пост, организмот мора најнапред да се прилагоди кон враќањето на секојдневната исхрана. Што е она што го препорачувате, како да се адаптира организмот после завршувањето на постот?

Сѐ за храна: Било да сте постеле една или сите седум седници, важно е да знаете како да „влезете“ и како да „излезете“ од постот, а во меѓувреме и да го зачувате и одржите здравјето. Можеме да кажеме дека темата е малку сензитивна и постот сите го сфаќаат различно, но сепак би споменале дека освен храната, истиот се однесува и на духовниот спокој, добра мисла и верба за убави нешта. За почеток, за време на самиот пост, секој треба добро да се грижи за одржување на нутритивниот баланс најдобро што може и да има разновидни оброци богати со сите витамини и минерали, секако обезбедени од растителни намирници. Протеините, витамините од Б групата, посебно витаминот Б 12 се критични при постењето, а исто така и железото кое е важно за силна крв и оптимално здравје.

Скратувањето на животинските намирници му дава шанса на организмот побрзо да се обнови и регенерира и тоа една од главните поволности, гледано од здравствен аспект, но ваков начин на живот не треба да трае предолго, ниту „враќањето кон нормална исхрана“ треба да биде одеднаш.

Читај бе: Што да се јаде при преминувањето кон мрсна храна и колкав временски период? Кои да бидат првите оброци?

Сѐ за храна: За полесна адаптација на организмот, препорачуваме прво да почнете со консумација на риба, јајца и пилешко месо, по помали количини во оброк и да не се застапени секојдневно за време на ручекот и вечерата. За појадок убаво е да го започнувате денот со целозрнести житарки и комбинација со протеини од типот, јогурт, јајце и здрави масти како маслинки, авокадо, путер, зависно од она што преферирате и што ви е на располагање. За вечера, избирајте полесно сварливи намирници, некои балансирани салати, таратур или супи и разни други варива.

food g9d17999c8 640

Мора да се спомене дека секој од нас функционира различно и има различен метаболизам и навики. Наша препорака е должината на периодот на адаптација и почесто вклучување, секој да го одреди индивидуално, а како минимална рамка би рекле дека се неопходни околу 10 дена за да не чувствуваат тегоби после масен оброк. Како препорака плус, внимавајте на количините и не прејадувајте се, така ќе му помогнете на стомакот подобро да функционира во Ваша корист.

Читај бе: Што предизвикува прејадувањето и внесувањето наеднаш на „тешка“ храна во организмот?

Сѐ за храна: Прејадувањето е широк проблем кој се јавува не само при пости, туку и секојдневно, па препораките можеби ќе се корисни за сите љубители на храна. Освен што го попречува нормалното варење, прејадувањето доведува до неможност за затворање на сфинктерот на желудникот. Поради преоптовареност со храна, овој мускул не може да се затвори, па киселините на желудникот се прелеваат во хранопроводот и тоа доведува до непријатност и печење се до грлото. Ова е еден од најзастапените проблеми.
Накратко, не постои „тешка храна“, ако не изедете преголема количина или не ја изедете непосредно пред спиење, па затоа обрнете внимание на тие нешта. Не пијте вода или други течности со оброците, посебно не алкохол доколку имате проблематичен стомак, а исто така не треба да јадете набрзина зашто тоа предизвикува појава на гасови. Ако сепак се прејадете, прошетајте, тоа е еден од најлесните и ефикасни лекови.

easter g60573aeb8 1280

Читај бе: Ваши совети како да се одвива исхраната одреден период после завршувањето на постот?

Сѐ за храна: Како што спомнавме и погоре, должината на овој период е индивидуална, а нема да имате проблем ако сте умерени во количини и застапеност на т.н. масни оброци. Без разлика дали постите или не, секогаш стремете се да имате балансирана чинија, главните јадења да се богати со свежи салати кои го алкализираат организмот, во порцијата да има протеин и ако обожавате леб, нека биде интегрален. Храната повеќе печете ја и варете ја, а помалку пржете ја и тоа е тоа. Бидете конзистентни кога станува збор за здравјето, така секогаш ќе си помагате, на краток, а и на долг рок.

Останете ни во добро здравје и следете ја sezahrana.mk и инстаграм @sezahrana.mk нашите лични профили Катерина Шамбевска Спасеновска – @katerina.shambevska и Марија Кочовска – @kocovska.marija. До следно читање!

Error: Contact form not found.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…