javen povik

Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола објавува јавен повик за млади за учество во иницијативата „Бизнис клик“.

Опис на иницијативата:

Иницијативата „Бизнис клик“ е спроведувана од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола и има за цел воспоставување на партнерства помеѓу младите и бизнис секторот со цел да ги подобри кариерните можности на младите и да обезбеди зајакнување на капацитетите на невработените млади луѓе со што ќе ги зголеми можностите за нивно вработување.

Оваа иницијатива предвидува спроведување на иновативна програма составена од обука, менторство и кариерно насочување на младите луѓе на возраст од 15 до 24 години. Преку зајакнување на капацитетите на младите луѓе со барани вештини, целта е да се поддржат младите учесници/чки да го реализираат својот целосен економски и граѓански потенцијал.

Оттука, Интерактив – Битола распишува јавен повик за пријавување за учество до сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 15 до 24 години од регионот на општините Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Ресен и Крушево.

Иницијативата ќе се спроведува во Пелагонискиот регион во следните 7 месеци.

На повикот ќе бидат избрани 10 учесници/чки кои ќе учествуваат на дводневна обука од областа на комуникациските и ИТ вештините, при што обуките ќе вклучат и практична работа која на младите ќе им помогне во нивниот професионален развој.

По обуката ќе следи петмесечна фаза на менторство, каде младите ќе работат со искусни експерти од областа на правото, медиумите и ИКТ секторот. Со нивно насочување и поддршка младите лица ќе имаат можност да развијат кампања од областа на младинското претприемништво.

Исто така младите ќе имаат можност да посетат 10 компании од Пелагонискиот регион, каде ќе се запознаат со работните процеси и ќе добијат кариерно насочување важно за нивниот кариерен развој.

Целокупната програма е бесплатна за сите учесници/чки кои што ќе бидат избрани на повикот.

Основни критериуми:

  • Да е државјанин/ка на Република Северна Македонија
  • Да е на возраст од 15 – 24 години на денот на аплицирањето
  • Да е од следните општини или моментално да е со место на живеење во нив: Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Ресен и Крушево
  • Да биде мотивиран/а да присуствува и да има активна улога во проектот

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати, се охрабруваат да аплицираат најдоцна до 28.06.2024 до 16:00 часот на Google формата или преку е-пошта на interaktivbitola@gmail.com со назнака „Апликација по јавен повик за млади за учество во иницијативата Бизнис клик“, одговарајќи ги следните прашања:

Име:

Презиме:

Возраст:

Населено место/Општина:

Училиште/Институција/Организација:

Е-пошта:

Телефон за контакт:

Мотивација за учество во иницијативата „Бизнис клик“: Избраните апликанти ќе бидат известени на ден 29.06.2024 година.

Jazz Factory Festival 2026 свечено отворен: Битола вечерва во ритамот на џезот
Битола вечерва пулсираше во ритамот на џезот со свеченото отворање на 9-тото …
Како неспособните ги преценуваат сопствените способности – Данинг-Кругеров ефект
Во животот неизбежно сте сретнале барем една ваква личност – тој тврди …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…