vlado naslovna

Владо Дојчиноски е актер кој што е препознатлив по улогите на „Македонски народни приказни“, дел е од ансамблот на Кумановскиот театар, но и на патувачката театарска група Театар „Колозов“. Владо, родум од Охрид, во слободно време е риболовец, ужива во природата и сите нејзини богатства, се занимава со традицијата, татко на две деца и сопруг на Николина. Во ова интервју, Владо ја отвори душата и раскажа за снимањата, театарот и се разбира приватниот живот.

ldo 3

Читај бе: Ќе започнеме со она што е најсвежо, а тоа е вашата најнова премиера во Кумановскиот театар. Кажете ми, за каков лик станува збор и зошто треба да се гледа?

Владо: Оваа година во Кумановскиот театар имам скоро три премиери, третата е на пат. Во последната, која се вика „Смрт и девојка“, претставата е камерна, станува збор за психолошки трилер. Во претставата играме тројца актери: јас, Владо Дојчиноски, Марко Трајковиќ и Сања Русевска. Претставата е налик на филм, но е наменета за на театарска сцена. Станува збор за борбата на луѓето против диктатурата и системот, како и за жртвите на тој систем. Мојот лик е доктор кој по случајност влегува во една куќа, каде станува плен на поранешен пациент кој е жртва на диктатурата.

Читај бе: Вие сте симбол на македонските приказни и тешко е човек да не ве забележи во нив. Има ли некој лик кој бил најблиску до вас карактерно? Зошто мислите дека Македонски народни приказни опстојуваат до ден-денес и се сè уште многу гледани?

Владо: Од моментот кога влегов во приказните, па сè до денес, растам со нив. Тие станаа дел од мојот приватен живот. На почетокот ги играв момчињата, а сега веќе ги играм ликовите на таткото, чорбаџијата, па и царот. Од почеток до сега, секој лик си нашол свое место. Македонските приказни кај нас претставуваат мудрост кажана на едноставен и лесен начин, кој лесно допира до секој гледач, од најмали до најголеми. Секогаш има една поука што нè учи како да бидеме подобри луѓе, нè учи на вредностите помеѓу луѓето. Секогаш ја има основната филозофија на доброто и лошото, дека доброто секогаш го победува лошото, како што и треба да биде во животот.

Messenger creation 7A2752FF AB51 450A 8A7E B797194915E3

Читај бе: Кога сме веќе кај тоа, што за вас значи зачувувањето на македонската традиција и како би ѝ ја доближиле на помладите генерации?

Владо: Секако дека преку приказните ја пренесуваме вистинската вредност на сè она што нè прави Македонци. Јас се обидувам во приказните да внесувам најразличен тип носии, архитектура, народен говор, поговорки, умотворби, па дури и пеење македонски народни песни. Се обидувам да се слушне звукот на кавалот, гајдата, тапанот и слично. На тој начин, кој е интересен, децата ќе имаат можност да ја слушнат и видат традицијата.

Messenger creation AA91A07E A6A8 489A A603 E67CD45F5D5C

Читај бе: Дали сметате дека бројот на гледачи е сè уште ист или има и помлади следбеници? Дали и децата се „залепени“ за телевизорот и со нетрпение очекуваат нова сезона приказни?

Владо: Сè уште ги има, и многу се радувам поради тоа. Секогаш кога ќе излезам на улица, наидувам на деца кои доаѓаат и ме прашуваат кога повторно ќе има приказни, бараат да се фотографираат со мене и слично. Тоа е доказ дека приказните живеат, тоа е мојот мотив за понатамошна работа.

Messenger creation 6D4FD41A 764D 4C34 8711 B2A6E401C2BA

Читај бе: Ако би имале можност повторно да разговарате со „царот“ Ѓорѓи Колозов, што би му рекле?

Владо: Би му рекол едно големо „БЛАГОДАРАМ“. Благодарам што ни остави мудрост и белег во нашата земја. Што сè што направи, го направи за Македонија. И благодарам што ме направи тоа што сум денес. Како актер, многу му должам нему, на „царот“, на Ѓорѓи Колозов.

Messenger creation 7A842FFF B700 49AA 8CEC E41C16897FD8

Читај бе: Кое било најголемото откажување што сте го направиле поради оваа професија?

Владо: Имало многу откажувања поради работа. Еве ќе издвојам едно – на 12 септември имав свадба, а веќе на 13-ти со сопругата снимавме приказна во селото Кучково, наместо да одиме на меден месец.

Messenger creation 95B64DD4 5B84 4789 BEB8 EDCAA2586AF3

Читај бе: Што би биле ако не бевте актер?

Владо: Ако не бев актер, а имајќи ја потребата да сретнувам добри луѓе – конкретно во Бигорскиот манастир ги има – ништо чудно да бев монах. Така би можел да ја ширам добрината и љубовта кон луѓето. Исто така, ќе се занимавав и со етнокореологија.

Читај бе: Што прави Владо кога не е на сцена или пред камера?

Владо: Ужива со семејството, оди на риболов, шета по планини, собира печурки и чаеви – сè што има од природата. Се дружи, со сопругата пие вино и пеат убави, стари македонски песни.

Messenger creation 1697C156 15E0 4C66 A357 3BD2B0C5EC71

Читај бе: Сметате ли дека има квалитетна младина – и во театарот, и за снимње, некој вистински наследник?

Владо: Има, имаме многу добри актери. Многу се радувам кога работам со нив, имаат убава енергија. Не би сакал да спомнувам некого конкретно, бидејќи може да изоставам некого, но има навистина многу квалитетни актери.

Messenger creation 5D5B2346 D41C 4B0D 9E11 E9E7599FB19F

Читај бе: Ако би постоела приказна што најдобро би го опишала вашето детство, која би била таа?

Владо: Има многу. Не би можел да издвојам една. Сите приказни што сум ги гледал си ги чувам и ден-денес на видеокасети, ги знаев сите реплики на памет и постојано ги гледав.

Messenger creation E1820B40 2AB1 4633 9434 DFB81E571E70

Читај бе: Што би им препорачале на младите актери или љубители на актерството?

Владо: Да не се штедат во тоа што го работат. Секоја улога да ја бараат длабоко во себе. Колку и да е тешко, а е многу тешко  да работиш со различни типови на ликови, важно е да бидат упорни и да не се откажуваат.

Читај бе: Сте имале ли идол или личност по која сте се воделе? Личност како која сте сонувале да станете?

Владо: Мојот идол бил Ѓорѓи Колозов, тоа сум го кажал и претходно. Тој беше човекот од кој што научив многу. Би го спомнал и мојот покоен пријател и колега Ванчо Петрушевски.

Messenger creation 76144BC8 5045 4E75 B0B4 C3359C4DFBBC

Читај бе: Која е најголемата животна лекција што сте ја научиле досега?

Владо: Би им препорачал на сите да не бидат мрзеливи, туку да работат. И уште нешто, кон секого, дури и кон непријателот, треба да се однесуваме со љубов. Само така ќе имаме општество што ќе биде добро за сите нас.

Messenger creation 1011FC0E 9D7A 4C5D 8E19 18BFC24F73FE

Читај бе: Каде најмногу се чувствувате „дома“ – на село, во град или во природа?

Владо: Секаде каде што се моите деца и сопругата. Независно каде и да сме, само да сме сите заедно.

ldo 3 1

Читај бе: Како би сакале луѓето да ве запаметат? Како актер во приказни, театарски актер, по некоја улога, по патриотизмот, човечноста?

Владо: Само како добар човек кој се обидел да создаде и да остави некакво наследство за Македонија.

vlado

Читај бе: Ако Владо би слушал една песна до крајот на животот, која би била и зошто?

Владо: Имам многу. Не можам да издвојам една песна, но би кажал изведувач – тоа е Васка Илиева. Неа можам да ја слушам до крајот на животот. Затоа што, низ нејзиниот глас, и без да ја знам приказната, ја разбирам емотивната состојба и целата приказна.

Читај бе: За крај – кои се идните планови? Што ново подготвувате?

Владо: Имам многу нови идеи. Моментално работиме на „Македонски народни духовни приказни“ по идеја на здружението „Св. Нектариј Битолски“. Снимањето оди бавно поради финансии, но сум убеден дека ќе има нова сезона на приказни.  Би сакал да снимам нешто ново, поврзано со македонската традиција, забавно и интересно, и се надевам дека оваа година ќе почнам и со тоа.  Работам и на нова претстава, комедијата „Разбуди се, Тина“. Во Театар „Колозов“ планираме и нова вечерна претстава, како и детска.

JK Travel
Незнаењето вика, мудроста молчи
Сократ некогаш прашал:„Ако ме удри магаре, дали треба да го тужам, да …
Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, заштитници на лекарите
На 14 јули, православната црква ги слави Светите браќа Кузман и Дамјан, …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…