Процесот на редење на Лего коцки на децата им покажува дека е потребно време за добри резултати и ги учат децата да на мирен начин ја решат фрустрацијата и да се соочат со поголеми предизвици. Бидејќи преку пат на обиди и грешки се учи. Токму во Еду Академија Битола децата ги користат омилените Лего коцки за развивање на STEM вештини и развивање на нивна креативност. На оваа тема поразговаравме со Тања Стојковска, едукатор во Еду Академија Битола.
Читај бе: Како ги дефинираме STEM вештините и зошто сметате дека се важни за денешните ученици?
Тања: Поимот СТЕМ преставува акроним кој означува наука ( Science ), технологија (Technology), инжинерство (Engineering) и математика (Maths).
Кога се зборува за СТЕМ вештини, се зборува за индивидуални вештини потребни за занимавање со наука, математика и инженерство и вештини за ефикасно користење на технологија.
Она што е посебно за СТЕМ методот е да е во исто време поврзан и со изучување и на други области како децата подобро би се подготвиле за она што ги очекува во понатомошното образование. Благодарение на СТЕМ методологија децата можат да го разберат светот што ги опкружува, да ја развијат љубопитноста и техничкиот начин на размислување. Дури детето и да не биде инженер или математичар, стекнатото знаење и вештини ќе бидат негова предност.
Образование во СТЕМ областа развива креативност, критичко размислување, ја зголемува научната писменост и создава нови генерации на иноватори и пронаоѓачи.
Поради сето ова наведено, СТЕМ едукацијата и стекнатите вештини ги обликуваат децата и младите луѓе кои ќе бидат вљубени во технологијата. Токму младите генерации ќе го менуваат светот и ќе го набљудуваат потполно поинаку од нивните родители.
Читај бе: Кои се најголемие предизвици со кои се соочувате при имплеметација на STEM едукација во наставата?
Тања: СТЕМ концептот опфаќа принцип наречен 4К: Креативност, колаборација, критичко размислување и комуникација – вештини и особини кои ја сочинуваат основата на 21 век. Училишните деца се учат заедно да работат со нивните другари на проектите, со што се развива тимскиот дух и способност за соработка и решавање на проблемот.
Читај бе: На кој начин STEM вештините ги подготвуваат учениците за идните професии и иновации? За да децата бидат спремни за 21 век, должни сме да им овозможиме едукација каква што заслужуваат.
Тања: СТЕМ едукацијата ги подготвува учениците за кариерите на иднината во високотехнолошки и инженерски полиња, каде овие вештини се потребни. Фокусот е на hands-on учење, каде учениците преку проекти, тестирање и експерименти го применуваат стекнатото знаење.
СТЕМ едукацијата поттикнува развој на вештини како што се тимската работа, комуникација, иновативност, критичко мислење и креативност кои се битни за успех во современиот свет.
СТЕМ методологијата ги подготвува учениците за широк спектар на кариери кои брзо се развиваат, како што се информатика, роботика, биотехнологија…
СТЕМ едукацијата се труди да ги вклучи девојчињата и жените во овие области, каде традиционално помалку се застапени, за да се постигне поголема родова рамноправност во СТЕМ професии.
Читај бе: Дали мислите дека STEM едукацијата може да помогне во развивање на креативност и решавање на проблеми кај учениците?
Тања: Да, и тоа во голема мера. Креативност е способност за создавање на нешто ново со помош на мечта, тоа е мисловен процес со помош на кој се доаѓа до решение на некој проблем или доагање до нова идеја. Кај децата креативноста е природна и вродена. Креативноста и логиката не можат едно без друго, а ние во ЕДУ АКАДЕМИЈА преку Лего настава, лего коцки ги користиме за да децата во потполност го ослободат свој потенцијал и да ги разбудат заспаните вештини.
Конструирање и игра со Лего коцки во комбинација со детската природна љубопитност доведува до експлозија на креативност и брз развој на талентите, сето тоа во добра и опуштена атмосфера.
Кога децата конструираат и редат со Лего коцки, ја ослободуваат мечтата и ја изразуваат креативноста без страв од неуспех. Децата откриваат што се во состојба да смислат. Кога сè ќе резимираме, вештините кои децата стекнуваат кога се во допир со Лего коцки се непроценливо корисни за раното учење и развој
Читај бе: Како се користат Лего едукациските сетови за развивање на STEM вештини кај учениците?
Тања: Нашите Лего едукативни сетови се внимателно осмислени за да можат децата да учат преку конструирање, истражувајќи ги различни концепти и теми на начин кој е прилагоден на нивната возраст и интереси.
Лего програмите и сетови го потикнуваат развојот на логичкото размислење, решавање на проблемот, креативно и критичко размислуање и во исто време фантазијата преку смислување на најразлични Лего модели. Преку лего едукативни сетови децата имаат можност да учат преку игра, конструирање и истражување.
Дизајнирани се со посебно внимание кон квалитетот, сигурност и образовен развој.
Секој час е прилика за нови откритија, учење, дружење и забава, а за тоа време децата се развиваат и стекнуваат нови вештини.
Учењето станува инспиративно, забавно и незаборавно искуство кое го подржува развојот на детето преку различни фази на образование.
Читај бе: Кои се клучните предности на користење на LEGO во училницата споредбено со традиционалните методи на настава?
Тања: Модерна и квалитетна настава мора да им овозможи на учениците да од училницата понесат знаење и вештини кои се применливи во реалниот свет.
Свесни сме за потенцијалот на Лего едукацијата и на децата кои ги посетуваат нашите часови им обезбедуваме различни Лего програми за различна возраст на децата.
Училиштето е темел каде децата ги стекнуваат знаењата, но во денешното време е битно и неформалното образование каде се нудат нови концепти на знаења и вештини.
Во нашата ЕДУ АКАДЕМИЈА развивме 4 различни нивоа на едукација, прилагодени според нивната возраст:
Програмите Early Simple Machines и Simple Machines ќе ги научат учениците како функционират запчаниците, лостови, макари, тркала и осовини… и на тој начин ќе зачекорат во светот на наука и инжинерство
Преку програмата WeDo 2.0 учениците унапредуваат знаења од областа на почетно програмирање, технологија, инженерство и наука. Овој едукативен сет базиран е на најновите научни стандарди и креиран е со намера кај децата да се разбуди љубопитност за наука.
Лего Програма Simple&Powered Machines – оваа програма овозможува механички принципи и машини на моторен погон и се стекнуват со научна и инженерска пракса.
Преку Лего сетовите кои не се достапни во редовната настава во училиштата, децата значително можат да унапредат знаења и вештини од областа на науката, технологијата, инжинерството и математиката. Учениците преку ваквите активности ги шират видиците и знаењата.
Читај бе: Можете ли да ни дадете примери од успешни проекти или активности со LEGO кои помогнале да се подобрат вештините на учениците?
Тања: Еден од битните настани на кои присуствуваше ЕДУ АКАДЕМИЈА на 15. јуни 2024 е саемот на природни и технички науки, ПОГОН – прв СТЕМ саем на Технички Факултет во Битола, саемот кој ги обедини сите научни и креативни сили во градот, почнувајки од ученици, преку наставници и професори од сите нивоа на образование. Голема благодарност за учество на саемот имаме кон професорката по математика д-р Елена Котевска идејниот творец на саемот, кој ја препозна Лего Методологија како корисна за потикнување на СТЕМ вештини и знаења.
Исто како значаен настан кој го издвојуваме е Саемот на Македонска Креативност организиран во Офицерски Дом во Битола на 18 и 19 ноември 2023 каде беше преставена нашата инжинерска работилница, учество во работилница зедоја и нашите ученици и деца која прв пат на настанот се запознале со Лего едукација.
Уште еден значаен настан е учество во Eu Code Week 2023 кој се одржа во основното училиште Ѓорѓи Сугарев на 16.10.2024. Настанот организиран од наставничката по информатика Оливера Шиклевска – Гроздановска и директорот м-р Роберт Филиповски.
Предновогодишен настан на 15 декемри 2023 Саем на креативни индустрии во организација на Balkan cinema cities.
Читај бе: Како Легото помага во подобрување на критичко размислување и решавање на проблеми кај учениците?
Тања: Една од основните цели на Лего едукација е зајакнување на критичко мислење кај децата. Критичко мислење дава подобри резултати во школувањето на детето, го зајакнува тимскиот дух и меките вештини.
Преку презентирање на нивните сработени Лего модели децата стекнуваат поголема самодоверба и повеќе се сигурни во себе. Критичкото мислење е важно затоа што го поврзува знаењата од различни области.
Учениците кои умеат да ги анализират и селектират информациите, сигурни се во нивната примена и спремни се да сослушаат мислењата на нивните другари.
Читај бе: Како учениците реагират на работа со LEGO? Дали забележувате промена во нивната мотивација или ентузијзам за учење?
Тања: Учениците со голема љубопитност и радост пристапуваат кон работа со лего коцки. Научно е докажано дека децата кои се играат со Лего коцки имаат префинети визуелно – просторни вештини и поразновидни и креативен пристап..
Деца кои година или две конструирале со коцки и граделе сложени проекти покажуваат во училишна возраст подобри резултати во математика.
Конструирањето со Лего коцки развива и трпение, бидејќи многу деца чувствуваат фрустрација кога коцките не се вклопуваат или не можат да ги наредат коцките на начин на кој замислувале, но сепак успеват да се исконтролират и почнуваат да градат од почеток. Со други зборови, процесот на редење на Лего коцки им покажува дека е потребно време за добри резултати и ги учат децата да на мирен начин да ја решат фрустрацијата и да се соочат со поголеми предизвици. Бидејќи преку пат на обиди и грешки се учи.
Читај бе: Дали забележувате разлика во успехот на учениците кои работат со LEGO сетовите во споредба со нивните активности на почетокот?
Тања: Постои голема разлика во развојот на вештините. Во текот на Лего програмат децата ја подобруваат фината моторика, ја подобруваат концентрацијата и фокусот, развиваат нови идеи.
Читај бе: Токму во Еду Академија Битола децата ги користат омилените Лего коцки за развивање на STEM вештини и развивање на нивна креативност. За која Возраст се наменети овие активности?
Тања: Лего програмите се наменети за деца од четири и пол години до единаесетгодишна возраст.
Читај бе: Дали се активни уписите за Еду Академија Битола?
Тања: Во нашиот Едукативен центар секогаш има отворени уписи за нови ученици. Групите се формират според возраста на децата. Родителите и децата имаат можност за бесплатни пробни часови каде подетално можат да запознаат со Лего програмите.