mario naslovna

Во свет каде што сѐ повеќе млади се обидуваат да најдат своја патека, Марио Спасевски е пример за тоа како страста и љубопитноста можат да се претворат во кариера. Новинар, подкастер, гик и скоро дипломиран туризмолог, Марио е човек кој постојано истражува, експериментира и креира. Неговата приказна не е само инспиративна, таа е и доказ дека со доволно волја, може да се гради сопствен простор, дури и во ниши што ретко добиваат внимание. Во продолжение, читаме малку подлабоко за тоа кој е Марио, како се раѓаат неговите идеи и што следува понатаму.

469942960 2871214019702498 1385134070368710654 n

ЧИТАЈ БЕ: За тие што можеби не те познаваат – како би се претставил на кратко? Кој е Марио, и што тој прави во слободно време?

МАРИО: Марио е еден многу млад дечко којшто себеси се смета дупо постар од што е, а сите луѓе го знаат на различни начини. Од различни професии, од кругови на различни заедници, според различни надимаци. Така да би кажал дека Марио е една личност којашто сака да проба од се што нуди светов, личност што живее за искусување и личност што живее за исполнување на многу животни цели. Морам да признаам дека изреката „слободно време“ секогаш ја обожавам кога ја слушам од причина што за мене „слободно време“ е нешто што не постои, и не го толкувам баш така. Што и да правам всушност го правам за зголемување на искуствата, збогатувања на знаењата. Дури ни оние моментите на гејмање, гледање филмови, читање стрипови, не го сметам за слободно време, дека секогаш тоа го правам за понатамошно внесување во работа. Тоа може да биде зборење за работите во подкаст, пишување на новинарски текстови и се останато.

ЧИТАЈ БЕ: Како се роди љубовта кон новинарството, со оглед на тоа дека студираш туризам?

МАРИО: Тоа е многу интересно прашање бидејќи како што кажав погоре, живеам за искусување. Моменталната главна професија ми е новинарство, но студирам туризам, и во трети и четврти планови правам подкасти, се занимавам со едитирање на фотографии и монтирање видеа и уште мал милион работи. Но спесифично љубовта кон новинарството се јави во моментот кога сфатив дека тоа можам да го правам професионално и да изградам кариера со тоа. Јас всушност работам некој си вид на аматерско новинарство уште како дете. Пишување текстови на блогови, [коишто за среќа не можат да се најдат], поврзани со видеоигри, вести и информации од филмската индустрија, и пишување рецензии на стрипови. Иако знаев дека скоро никој не ги чита работите што ги пишвам, сепак си сакав моето мислење да го има во пишана форма. Но сепак, имам и некои роднини коишто повеќе не се занимаваат со новинарство, но во времето кога они го работеа тоа, спесифично креирање на вест за во весници, ми беше фасцинантно како може секој ден да има нови весници со нови информации и секогаш да има нешто ново. Но спесифично им се восхитував на луѓето [новинарите] коишто со нивниот живот и кариера можеа да прават промени. Ме восхитуваше тоа што они беа гласот на многу луѓе. Тоа најмногу ме натера да навлезам длабоко во новинарските води.

465753008 18448703950071267 636798676539300594 n

ЧИТАЈ БЕ: Кои теми најмногу те привлекуваат – култура, технологија, општество?

МАРИО: Сметам дека ние младите коишто влегуваме во новинарските води секогаш почнуваме со работите коишто нас не исполнуваат, и да за мене спесифично омилените теми ми се култура, технологија, туризмолошките теми, гејминг темите, но сепак обожавам кога ги фаќам и политичките теми. Спесифично сум фан на надворешната и светската политика. Надворешната политика многу повеќе ја сакам од причина што дневната и домашната ми е монотона и иста буквално од кога знам за себеси. Сметам дека луѓето во Македонија доколку малку повеќе следат надворешна политика и светот го гледаат на друг начин, многу работи би се смениле. Спесифично интелигенција на народот и желбата за подобра иднина. Но сепак, како што кажав во новинарството влегов бидејќи знам дека можам да направам промени, а променети прво морам дома да ги направам, па после надвор.

ЧИТАЈ БЕ: Ајде да се вратиме малку наназад – што најпрво те закачи за ‘geek’ светот? Дали беше некој филм, игра, стрип… или само се разбуди еден ден и сфати дека те влече свет полн со супер-херои и фантастични светови?

МАРИО: За ова прашање би се вратил и би кажал уште пред да знам за себеси дека постојам, дека има нешто што се вика живот. Би кажал дека нема нешто спесифично што ме има натерано да влезам во гик светот, бидејќи уште пред да знам за себеси знам дека сум гледал многу различни филмови и серии [анимирани или играни]. Дополнително имав пристап до тогаш добар, сега премногу стар компјутер, нормално купен со намера за работа, но сепак на него имаше и неколку видеоигри. Но сепак, би кажал дека неколку работи коишто ме изградија да сум ова што сум сега, и што ми е драго што тогаш сум имал пристап да го гледам дефинитивно биле работи како: The Lord of the Rings филмовите како фантазија и градење светови, Супермен филмовите со Кристофер Рив за супер-херои, и Warcraft за светот на видеоигрите.

ЧИТАЈ БЕ: Од љубовта кон поп-културата до микрофон – како се роди поткастот ‘Дебели Гикови’? Кој беше моментот кога решивте: ‘Океј, време е ние да зборуваме за ова јавно’?

МАРИО: Под(т)кастот „Дебели Гикови“ има многу интересна историја зад себе, или да кажам јас имам интересна историја за тој подкаст. Уште од 2014 кога во Македонија се појави првиот Видео-Под(т)каст [ГГ.МК Подкаст] јас имав две желби – Еден ден или ќе бидам со тие момци и ќе соработувам со нив, или ќе имам мој подкаст за слични теми. Интересно е што двете желби се остварија бидејќи желбата беше огромна. Но сепак, желбата за мој подкаст премногу долго траеше од причина што иако денес е многу лесно и евтно да се направи подкаст, сепак мораш да имаш некакви финансии и за тоа евтино. Како млад студент, дополнително со Македонски плати, и не е баш така лесно. Под(т)кастот уште пред да биде „Дебели Гикови Подкаст“ имаше многу повеќе обиди и идеи да се направи. Различни соработници, различни планови, но секогаш најголемата кочница беа финансиите за купување на опрема. Немавме буквално ништо. Во меѓувреме јас водев една инстаграм страна на којашто се објауваа теми и вести повразни со Гик Култура. Моментално соработник и ко-водител на Дебели Гикови Подкаст, беше еден од луѓето коишто ја следеа страната, и често имавме оналјн дискусии. До еден момент додека не решив дека сакам да се запознаам со човекот, и да видам дали би можел да направам нешто со него. Нормално пак дојде до кочницата. Но, клучниот момент кога малку тргна целава приказна беше кога медиумот „РадиоМОФ“ имаа отворен конкурс за пласирање на нови подкаст. Од нив ја добивавме целата потребна опрема и студио, наше беше да правиме нешто.

517990133 3079258465564718 6457315931084273784 n

ЧИТАЈ БЕ: Кога ќе седнете да снимате – како изгледа тој процес зад микрофон? Дали однапред си спремате теми или повеќе оставате простор за слободен муабет и импровизација?

МАРИО: Премногу сакаме да имаме слободен муабет и импровизација на сред снимање. Нормално јас како новинар си сакам да си се спремам за гостинот убаво, да истражам повеќе работи. Тоа што јас спесфично го истражувам е што точно треба и сакам да го прашам гостинот, односно да поставам прашање коешто никогаш до сега не е поставено на други места. Можеме да се пофалиме дека Дебели Гикови подкаст многу често ги носи едни од најпознатите личности во нашата држава, но сме посебни со тоа што сите разговори што ги правиме е прикажување на една друга страна на гостите. Страни коишто малку потешко е да се дознае за нив. Затоа иако сакаме слободни муабети, професионалноста мораме да ја имаме. Или спесифично, јас сакам да ја имам таа професионалност, но целосно исполнета со слободни муабети. Но тоа што не го гледаат луѓето пред камери, и се случува зад камери под затворени врати се големи дебатирања и дискусии за избори на гости, причини зошто да се викнат гостите и многу други работи. Нас ни е малку потешко од причина што ние имаме тематика, не сме општ подкаст кадешто би имале луѓе од било која индустрија. Сепак тоа што го пласираме е Гик Култура и Поп Култура.

ЧИТАЈ БЕ: Кој дел од твојот идентитет најмногу те претставува? Новинарот, студентот или гикот?

МАРИО: Сите, буквално сите во различни моменти, но гикот во мене е тоа што ме направи тоа да сум денес. Би кажал дека студентот најмалку, бидејќи сепак сум буквално пред самиот крај со само уште еден останат испит којшто треба да се положи. После тоа ќе бидам Дипломиран Туризмолог и повторно би кажал дека ќе биде тоа најмалку, бидејќи Туризмологијата си ја чувам за идни планови, не ставам голем фокус во тоа за сега. Новинарот ме претставува на најпрофесионалното ниво, нешто по коешто сакам да сум најпознат и мојата кариера да се базира на тоа, по тоа да ме знаат луѓето. Но сепак навистина гикот во мене ме доведе до сите овие нивоа, и ми ги отвори сите патишта. Да не беше гикот во мене којшто порано пишуваше гиковски теми и текстови, и имаше желба да прави подкаст, немаше ниту да бидам новинар ниту да правам подкаст. Дополнително гиковската љубов кон љубопитноста за истражување на кои земји во светот нудат какви работи, немаше да ме натера да се запишам прво во средно, подоцна на факултет за туризам да го истражувам тоа поле уште подлабоко

ЧИТАЈ БЕ: Што би им порачал на младите што сакаат да започнат поткаст или да ‘влезат’ во новинарство?

МАРИО: Би им кажал прво дека да сакаат да започнат да се занимаваат со новинарство е доста лесно, а да започнат под(т)каст па е уште полесно. За новинарство предлагам да се заврши и образование за тоа дали целосен факултет, дали одредени академии, да не се влезе без никакво знаење. А за крирање на подкаст (не го тврдам ова, само мое мислење) треба само да знаеш да збориш и да имаш желба тоа да го правиш многу често.

Но тоа што навистина длабоко им го препорачал на младите, уште веднаш да почнат со длабоко истражување на работите. Не само за овие две, за буквално се во животот, но за овие две работи спесифично. Да не се плашат од ништо, стравот само може да им ги направи најголемите кочници во животот. Да си ги истражат бенефитите и потешкотиите истовремено, и да си дефинираат што сакаат да прават и бидат. Позитивно е што некогаш ако им здосади, может да си направат промени, но сепак – Длабоко истражување и губење на стравот!

497746400 3019798698177362 2450271876181404526 n

ЧИТАЈ БЕ: Кој е следниот чекор? Дали можеби тоа е некој нов проект, промена на насоката?

МАРИО: За жал или за среќа, моментално следни чекори за нови цели нема, и нема нови проекти, од причина што мора да се завршат овие сегашните максимално за да се почнат некои нови работи. Работата во новинарството си продолжува, иако малку може да се каже дека промените би се ставиле на аспект што сакам да влезам подлабоко во истражувачкото новинарство. Од аспект на Дебели Гикови во октомври треба да започне третата сезона, којашто сакаме да направиме огромно надоградување, спесифично во техничкиот дел. Но ќе видиме, не знам никогаш од денес за утре какви промени се случуваат.

ЧИТАЈ БЕ: Ако ја имаш можноста да интервјуираш било кого, кој би бил тоа?

МАРИО: Најубавото за крај… Имам неколку личности коишто би сакал и да ги запознаам и да направам интервју само дека им се восхитувам, но има и такви со коишто би направил интервју само да за имам во кариерата доказ до каде сум стиганал. Од тие што би сакал да направам само за градење на кариера дефинитивно се светски лидери на држави. Иако не се согласувам со нивни ставови и политички ориентации, но сепак како новинар да направиш сериозно интервју со светски лидер како Претседателот на Доналд Трамп е многу сериозно. Односно со било кој претседател на САД, сегашен или поранешен е многу добро само за кариера. Но има и такви лидери коишто би сакал и за кариера и поради тоа што ми се допаѓаат нивните политички ориентации.

Но со неколку луѓе коишто би сакал да направам интервју поради восхитување, можам да ги избројам на една рака. Секогаш на врвот ќе биде „Хидео Коџима“. Се работи за Јапонски дизајнер на видеоигри, познат по неговите серијали како „Metal Gear Solid“. Дизајнер и игри коишто ја имаат редефинирано индустријата на видеоигрите, и мене ме има изградено многу како гик.

После него доаѓа „Еичиро Ода“, авторот и креаторот на најпознатиот Јапонски Манга и Аниме серијал „One Piece“. Приказна којашто мене ми е дел од живото буквално. И како за крај, иако со него имам неколку пати правено муабети и се познаваме, никогаш немаме направено интервју или подкаст. И со оваа личност иако веќе е во преговори, само треба да дојде правото време. Се работи за „Игор Џамбазов“. Кога ќе го направам тоа интервју, но спесифично подкаст, убаво ќе кажам спесифично зошто.

Морам да кажам дека во животот немам идоли, нема некои луѓе што ме инспирираат со тоа што го прават како глумци, музичари, режисери. Спесифично од светската сцена, многу повеќе си ги сакам домашните артисти и креатори, но сепак немам премногу да издвојам. Проблемот е што со луѓето коишто би сакал да имам разговор и интервју веќе не се живи… Моите идоли имаат нешто креирано и оставено зад себеси, и затоа ги обожавам, сите коишто се сега живи, не ме восхитуваат. Освен тројцата што ги набројав горе.

Водокрст, денот пред Богојавление
На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос …
Значење на Богојавленската вода
Богојавленската вода е значајна потврда на православната вера.Богојавленската вода со години останува …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…