ангела

Гејмерството не е само „играње игри“. Последните години има голем замав и секој професионален играч е во можност да гради успешна кариера на ова поле. Игрите кои ги среќаваме на интернет не се само игри, затоа што вештачката интелигенција му овозможува на секој оној, кој има пасија кон ова поле да се здобие со одлична можност за онлајн заработка. За гејмерството, патот до остварувањето на кариера на ова поле, потешкотиите, потребното искуство и профитот од истите, ќе дознаеме повеќе од интервјуто со Ангела Николовска од Битола, дипломиран инженер за квалитет и безбедност на храна на УКЛО Битола.

323582023 872376673818484 7981246502658046125 n 1

Читај бе: Ангела задоволство ми е да разговараме на оваа тема, затоа што сметам дека во Македонија малку се знае дека дури и гејмерството е професија, и тоа одлична професија, која ги држи вратите широко отворени. Што те натера целосно да се посветиш на гејмерството и на што точно си фокусирана?

Ангела: Откако паметам за мене сум гејмер. Во основно, средно, па дури и на факултет знаев да задоцнам, да пропуштам ден, понекогаш и недела ако сум на турнир во друга држава, затоа што најголем приоритет ми бил и сé уште е гејмингот. Последните 5-6 години почнав да заработувам од гејминг и кога сфатив дека ова можам да го работам и да заработам повеќе од она што би го заработила дури и со факултет, одлучив целосно да се фокусирам само на мојата професија, а тоа е професионален играч.

Читај бе: Како успеа да стигнеш доттука и колку време му е потребно на некој, кој ја поседува пасијата за развивање на гејмерството, да се пробие, со цел да учествува на големи турнири?

Ангела:  Почнав да играм во тимови уште од  2011 година, до 2016 немав никакви приходи од играње игри (покрај малата заработка од стримање на платформата Twitch). Она што ми помогна да се пробијам и да бидам дел од интернационалната сцена е мојата пасија и посветеност кон гејмингот. Не можам да кажам дека ја имав целосната поддршка од моите родители во тие почетни години. Интересно да напоменам за секој кој што сака да успее во оваа професија се социјалните мрежи и градење на свој бренд кој што ќе биде претпознатлив интернационално. 

326538389 535396555228540 8487056302100400648 n

Читај бе: На колку турнири си учествувала и колку награди имаш добиено?

Ангела: До сега имам учествувано на неколку LAN турнири -Dreamhack Winter TOP 4 – ESU Razer Ladies – со мојот прв професионален тим LGB esports, Copenhagen Games 2017 и 2019, и ONLINE – многу помали турнири, но имам освоено турнир во Valorant со тимот Godsent, прво место на Ladies Valorant Cup, Valorant Balkan League Monthly, прво место и ТОП 7-8 на квалификации за најпрестижниот женски турнир во VALORANT моментално VCT Game Changers EMEA: Series II. 

321660047 722941259196155 5800544605190044988 n

Читај бе: Дали гејмерството ти носи добра заработка и колкав замав има низ Европските земји?

Ангела: Дефинитивно да.  Покрај тоа што сум професионален играч за странски организации, мојата кариера ми ги отвори вратите и кон инфлуенсерскиот свет и стримерството. Последно искуство ми беше како инфлуенсер за балкански турнир организиран од Телеком, кој што патем беше едно од моите први искуства со ваква голема компанија, кај нас на Балканот. Заработувам и од стримање и креирање на контент на YouTube и Twitch. Во европските земји, големите организации вложуваат огромна сума на пари, а што се однесува до маркетиншкиот дел, гејмингот е попромовиран и повеќе распостранет во другите држави.

Читај бе: Што значи за тебе гејмерството?

Ангела:  Најпрепознатлива сум по мојот бренд кој што си го создавам од самите почетоци на мојата кариера. Тоа е моето стримање, креирање на контент и исто така учеството на интернационални турнири, играње за големи европски организации. Една од нив е мојот претходен тим GODSENT. Кога некој ќе ме праша нешто за гејминг, можам да зборувам на таа тема и многу часови дискутирајќи ги сите полиња од е-спортот. Затоа и најчесто се дружам со гејмери, а пред се бидејќи многу луѓе не се упатени во гејмингот и го гледаат како еден дел на зависност, а не сфаќаат дека ова е исто професија, како онаа што тие ја работат. Предноста тука е да заработуваш од она што ти е пасија, а некогаш ти било само хоби. 

Читај бе: На какви коментари наидуваш од познаниците и општо од популацијата кај нас, поради ваквиот избор?

Ангела: Сум наишла на позитивни коментари кога ќе им кажам дека сум успеала да заработувам од тоа што обожавам да го правам, до коментари од типот „најди нормална работа”, си го искриви грбот, никогаш немаш време за кафе, ретко излегваш, get a life итн.

Читај бе: Што ќе им препорачаш на сите оние кои се заинтересирани да тргнат по твојот пат?

Ангела: Да не се откажуваат (иако е лесно за мене да кажам, бидејќи моите родители никогаш не ми дале никаков притисок), да се борат за својата цел и најбитно од сé е да верувате во процесот, бидејќи она што е ваше ќе си дојде.

meblo trejd
Продолжуваат успесите на меѓународни Еразмус проекти во Основното училиште „Даме Груев“ -Битола
Основното  училиште „Даме Груев“ Битола  е препознатливо по низа Еразмус проекти поврзани …
Децата кои се физички активни имаат поголема самодоверба и се подобри ученици
Современото родителство претставува вистински предизвик. Родителите сѐ помалку можат да им влијаат …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…