bolana

Овогодинешното 38. макфестовско издание не помина без двократниот победник на единствениот фестивал на забавна музика кај нас – Бојана Скендеровски, која на сцената ја донесе одличната „Да те немам”. Станува збор за брза, клупска песна чии аранжман и музика ги потпишува самата, додека текстот е дело на Робин Зимбаков.

Песната е во малку поинаков стил, но некако сакав на мојата публика да ѝ приредам мало освежување, а воедно сакав да донесам и нешто ново и поразлично и во мојот репертоар”, вели Бојана и открива дека нема да застане тука.

Веќе наголемо, вели, се работи на нови песни, се размислува за дует, солистички концерт, а, секако, тука е и проектот „Македонијо во срце те носиме” кој продолжува напролет.

Освен што на сцената донесе стилски поразлична песна, Бојана се потруди и комплетниот настап и појавувањето да биде уникатно и впечатливо.

Бојана на Макфест2

„За мојот изглед овој пат беше задолжена Ивана Кнез, која инспирацијата за креацијата ја најде во приказната од романот „Дилбер Стана” на Стале Попов – девојка заробена во прекрасна гардероба и сопствени соништа во копнеж и мечта по љубов. Бисерите како заштитен знак на Ивана Кнез симболизираат моќ за трансформација на негативното во позитивно, кога од проблем се создава волшепство исто како што школката од зрно песок го создава бисерот. Со вера, надеж и љубов, од жена за жени… “, раскажува Бојана и вели дека и таа како во приказната за бисерот ќе се труди и понатаму да создава волшепства.

Бојана е двоен победник на Макфест – прв пат во 2003. година кога ја отпеа темата „Немам одбрана” и втор пат во 2015. кога триумфираше со „Диви цветови”.

meblo trejd cestitka
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…