kostadinka

На 87-годишна возраст почина доајенката на македонската народна песна, Костадинка Палазова.

f814c5b7 9418 48e0 b012 98f0c35cb118

Таа била дете-бегалец, родена во Егејска Македонија, во семејството Палазови. Семејството броело пет деца, а во 1948 година се преселиле во Гевгелија. Уште од најмала возраст Палазова покажувала исклучителна дарба за пеење, а својот талент го открила пред пошироката јавност во 1960 година, кога на пат кон дома го сретнала тогашниот градоначалник Гавро Јакимовски, заедно со телевизиска екипа.

9140aaf5 5115 463f b490 761b46643ce2

Така, нејзиниот глас станал препознатлив преку песните „Дали памтиш, мило либе“ и „Врни се, врни, либе Мариче“. Публиката била воодушевена, по што следувале снимања на уште три песни во Радио Скопје: „Едно малој моме покрај Вардар јоде“, „Собрале ми се, набрале“ и „Врни се, врни“.

Костадинка Палазова снимила повеќе од 300 песни и била дел од првата генерација пејачи кои ја претставувале македонската народна музика ширум светот.

fb2e04e5 2c00 4aa5 8334 8476575377da

Нејзиниот глас и нејзината музика се длабоко врежани во македонската традиција. Многу нејзини помлади колеги ѝ оддадоа почит и се простија од неа со голема тага и почит.

Нејзиниот глас, како славеј, ги полнел салите низ Македонија, Америка, Австралија, па дури и во делови од Азија, каде што често настапувала пред македонската дијаспора.

Костадинка Палазова засекогаш ќе остане запаметена како траен чувар на македонската народна песна, рамо до рамо со големите имиња на својата генерација како Вања Лазарова, Виолета Томовска, Васка Илиева и многу други.

Битолски каратисти одат на Балканско
На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, …
Колку повеќе им угодувате на луѓето, толку повеќе ве прават будала – 5 совети од психолозите
Угодувањето на другите за да се избегне конфликт или да се добие …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…