pexels karolina grabowska 6957141 1

Генерацискиот конфликт е тема за дискусија која не треба да се занемарува, затоа во времето во кое што живееме тој јаз меѓу генерациите станува сé поголем. Честo се случува родителите да не го разбираат однесувањето и ставовите на своите деца, а и обратно, децата да не ги разбираат ставовите и однесувањето на своите родители. Ова е прашање кое што влече корени уште од подалечното минато, но денес, во светот во кој живееме, самото прашање, можеме да го претставиме како дрво, со многубројни корени во длабочините на почвата, а уште помногубројни гранки, развиени токму од тие корени. Дрвото нека биде симбол за човекот, како единка, како битие, како душа и мисла која постојано кружи по социјалните мрежи, во домот, на пријателските средби, на работа… Човекот е битие кое постојано се менува, а со самиот тој процес се менуваат и ставовите, делата, мислите и сето она што некогаш било вистина, по одредено време станува лага, сето она што некогаш било правилно, по одреден временски период станува грешка, сето она што некогаш сме мислеле дека е добро, по одредено време станува лошо. Новата генерација никогаш нема да наликува на претходната. Ова е психолошки процес кој потребно е да го разбереме и истовремено да го прифатиме, сé со цел да ги одбегнеме несаканите ефекти сега, па и во иднина, предизвикани од тој генерациски конфликт или јаз.

home gd176d9a5d 1280

Патувањата и долгиот или краток престој во различна култура од сопствената ги менуваат нашите видици

Свесни сме дека младите генерации трагаат по нешто ново, нешто кое што би им ја исполнило душата, би им ги наполнило батериите и би ги вратило во живот. На нивните листи секогаш се наоѓаат планови за патувања низ светот. Овој процес ја менува личноста, а со тоа и ја оддалечува од претходните ограничени видици и сфаќања за светот и околината. Колку личноста станува поотворена, толку повеќе не ѝ одговара на затворената околина. Ова може да се каже дека е и една од причините за појавата на генерацискиот конфликт, затоа што токму таа отворена личност не може да најде заеднички јазик со генерацијата која не поминала низ слични искуства. Понекогаш не ни сакаме да слушнеме што е она што е ново и она што вистински сака да ни го пренесе некој, затоа што сме заглавени во нашите сопствени сфаќања и не сакаме да го прифатиме туѓото мислење. Тешко е кога мислиме дека сме секогаш во право и дозволуваме наместо да развиеме разбирање да влеземе во еден конфликт кој води до сé друго, освен до компромис.

aware g73657ee4c 640

Учењата од предците не се веќе актуелни, затоа што светот оди нанапред, а не наназад

Младите генерации се бунтовни, борбени, вредни, ги бркаат своите соништа, знаат дека можат повеќе од просечното и со причина ги отфрлаат застарените сфаќања на предците, дури и сфаќањата на родителите. Родителот не го поседува детето, тој е оној кој му дарил живот, но детето треба да се слуша, почитува, емотивно да се воспитува и да му се дозволи слобода со која ќе може лесно да комуницира. Како што децата не се секогаш во право, така и родителите не се секогаш во право. Кога би се исфрлил тој заповеднички глас, вперен прст во очите на детето, можеби, велам можеби, сите подобро ќе се разбереме. Кој треба да биде ставот? На пример – јас не знам сé, но и ти не знаеш сé. Заедно можеме многу да научиме и да изградиме нераскинлива врска во меѓучовечките односи.

Некои сфаќања ги влечеме со нас уште од детството, затоа што некој ни кажал дека ,,така е правилно” или дека ,,така треба”

Генерацискиот конфликт е најголем во оној момент кога детето носи одлука врз дотогаш непознати и далечни сфаќања за родителот или некоја претходна генерација. ,,Во наше време не беше така” – ќе речат. Да точно, во тоа време не било така, но ова време ни малку не наликува на тоа време. Ова време е посебна приказна за себе. Во ова време технологијата ни овозможува нашите очи да видат сé и нашите уши да слушнат сé. Знаеме што се случува во Кина, иако не живееме таму. Имаме пријатели низ цела Европа и подалеку и комуницираме секојдневно иако не се гледаме. Примаме нови примери, нови сфаќања за светот, влегуваме во нова димензија, се развиваме на свој начин и сме бескрајно благодарни за она што сме израснале во татковината заедно со родителите. Но бараме разбирање, активно слушање, пријателска комуникација и опуштеност во односите. Ако во тоа време тоа било правилно, во ова не е повеќе правилно, правилото се изменило, мотивацијата пораснала, новините се прошириле, и црното веќе не е црно, белото не е бело, туку обратно.

mom gaf327c5ef 640

Младите генерации се жедни за отвореност, додека возрасните се насочени кон патријархалниот воспитен систем

Зборувам за комфорт зоната. Секое мислење си има свое значење и тежина. Не би требало да го занемариме она на нашите предци и претходни генерации, но и тие не би требало да го занемарат нашето. Како што од претходните генерации имаме да научиме корисни работи, така и тие имаат што да слушнат и научат од нас, младите генерации. Се работи за круг од мисли, кој иако оддалеку изгледа едноставен, во внатрешноста наликува на лавиринт кој создава многубројни конфликти кои се таложат врз нормалната функција на емотивниот систем и предизвикуваат одредени пореметувања кои понатаму ги влечеме во секоја наредна ситуација со која ќе се судриме во иднината. Затоа е нормално да го прифатиме она што го изградиле претходниците и да го почитуваме, но и тие да го прифатат она што ние продолжуваме да го градиме, од истото место, каде што тие застанале. Така ќе се намали конфликтот меѓу генерациите, а односите ќе блеснат во едно поинакво светло.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…