Ако има некое интересно место на оваа земја што е мистично и возбудливо и кое изобилува со античка историја, тогаш тоа е Египет. Египет можеби е познат по античките богатства и богатата историја, но оваа нацијa нуди многу повеќе отколку што може да очекувате. Од надреални води и плажи со златен песок до извонредна архитектура и природни терапии, Египет е достоен за вашата листа за патување.
Зошто токму земјата на пирамидите, земјата на Сфингите, мумиите, фараоните да биде Вашата следна дестинација, ќе ни открие Елизабета Кочева-Јосифовска, менаџер за маркетинг во туристичката агенција ЈК Травел која неодамна имаше можност да ужива во она што Египет може да го понуди.
Читај бе: Египет отсекогаш бил и ќе остане една од најатрактивните дестинации за туристите. Неодамна, како претставник на ЈК Травел бевте во посета на оваа навистина мистична земја која и тоа како нуди голем број авантури. Зошто вреди да се посети Египет?
Елизабета Кочева-Јосифовска: Да се биде дел од ЈК Травел, една од најголемите туристички агенции во Македонија е вистинско задоволство. Дел сум од тимот 4 години и за овој период имав можност да посетам многу места и дестинации, но неодамнешното патување во Египет за мене е искуство кое ќе го паметам цел живот. Зошто вреди да се посети Египет???
Пирамидите и мистериозната Сфинга, големите градови во кои се сместува една од најстарите култури во светот, Хургада со сите хотелски ресорти кои ги нуди со ALL Inclusive програма, се само неколку причини зошто вреди да се посети оваа земја која годишно ја посетуваат околу 12 милиони туристи.
Читај бе: Каква понуда им нудите на сите оние кои се заинтересирани за Египет?
Елизабета Кочева-Јосифовска: Моментално има две програми за Египет. Првата програма е до 4 мај, тоа е програма од 8 дена која има 1 ноќеваење во Каиро и 6 ноќевања во Хургада со лет од Софија. Втората програма е чартер програмата со директен лет од Скопје до Хургада и е актуелна во текот на цело лето.
Имаме голема понуда на ексклузивни хотели, Early Booking попусти кои никако не смеете да ги пропуштите, претставници коишто се достапни 24 часа, организација на сите тури кои можат да се понудат и посетат во Египет.
Читај бе: Што е потребно за да се патува во Египет?
Елизабета Кочева-Јосифовска: За влез во Египет потребно е да се поседува негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата или признаен сертификат за вакцинација извршена најмалку 14 дена пред влез во земјата. Ви треба виза која се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25 долари , хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци. И нормално желба за авантура!
Читај бе: Што препорачувате да се посети и да се доживее во Египет?
Елизабета Кочева-Јосифовска: Сè. Апсолутно сè, се разбира доколку имате време. Египет има навистина многу што да понуди. Јас имав среќа да бидам дел од тура која ги вклучуваше и Каиро и Хургада. Патувањето ми започна со посета на историскиот музеј во Каиро, во кој се сместени многу скапоцени артефакти од ерата на древната Египетска цивилизација. Тука е и салата со мумии на некои од најпознатите фараони. Во музејот се изложени повеќе од 12.000 артефакти од секој период од историјата на Египет. Она што мора да го посетите доколку одите во Египет се Пирамидите во Гиза кои се наоѓаат во близина на градот Каиро. Пирамидите се вбројуваат во листата на 7-те светски чуда и се гробници на фараоните кои владееле со Египет. Начинот на кој се градени и нивната неколку вековна издржливост се феномен кој мора да се види. Чувар на трите пирамиди во Гиза е големата, грандиозна Сфинга.
Не се двоумете да јавате на камила било да е во Каиро или Хургада, тоа е несекојдневно искуство кое мора да го доживеете. Сафари со АТВ мотори во пустина препорачувам за сите љубители на адреналинот. Ова искуство не може да се опише со зборови единствено треба и мора да се доживее. Би ја издвоила и посетата на бедуинското село и запознавање со нивниот начин на живот, Луксор- античката престолнина на египетските фараони, крстарење по Црвеното море и нуркање…
Читај бе: Што е она што го нуди Египет, а ниедно друго место не може да го понуди?
Елизабета Кочева-Јосифовска: Египет го нуди Црвеното Море. А тоа е една од многуте причини зошто токму да ја одберете оваа дестинација. Топла, кристално чиста, солена вода, исполнета со необична убавина која ја крие во себе, корални гребени и разновиден жив свет. Да се нурка со егзотичен подводен свет е бесценето чувство. Ниедно друго место не може да ви ја понуди историјата која ја има оваа земја. Мистичните пирамиди, свингите, музеите…
Читај бе: Што ќе им препорачате на оние кои се уште се двоумат за патување во Египет?
Елизабета Кочева-Јосифовска: Не се двоумете. Дојдете во ЈК Травел и резервирајте го Вашето патување сега.
Египет е авантура која треба сами да ја доживеете, а не да Ви раскажуваат за неа.
Error: Contact form not found.