Во Офицерскиот дом во Битола, во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, се одржа „Џез вечер со Клод Болинг“, во изведба на на труба и џез пијано трио – Тоот квартет.
Публиката, низ настапот на Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас и Филип Шурбевски-тапани, имаше можност да ја проследи музика која е микс од класична и џез музика, приемлива и интересна за секој слушател.
Четворицата академски музичари изведоа музика за труба, пијано, контрабас и тапани од композиторот Клод Болинг. Оваа музика е микс од класична и џез музика и е приемлива и интересна за секој слушател. Тоот свитата е едно од најзначајните дела во репертоарот за труба, каде трубачот свири на 5 различни труби.
Тоот свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките за изведба.