otvoranje

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола во периодот од 1О – 15 ноември 2О24 година по покана на своите домаќини од Средното уметничко школо “Иван Горан Ковачиќ” од Кисељак реализираше низа активности меѓу кои и првата изложба во Босна и Херцеговина под насловот “Битолски Монмартр во Кисељак” во чиј состав беа поставени 65 уметнички дела од 43. издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” 2О24 од учесници од 2О земји учеснички.

“Поканата и програма за нас беа и изненадување но и голем предизвик. Претходно оваа година имавме изложба во Трабзон – Турција во организација на нашиот ко-претседател на Меѓународниот управен одбор 2О24 – 2О26 професорот Вејсел Аџар а со поддршка на гувернерот за култура и туризам со што искрено се надевавме дека и нашата втора ко-претседателка Лидија Кусин ќе успее на сличен начин да направи своевидна промоција и презентација на Мал Битолски Монмартр – Битола и Македонија во својата средина.

И следеше Покана по која ја добивме Програмата за 5 работни дена која за прифативме како предизвик затоа што беше обемна и сеопфатна. И тој мал сомнеж го снема во моментот кога пристигнавме во Кисељак каде нема кој не помогна за 1ОО% реализација на секој сегмент од истата.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Во Кисељак претставниците на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола беа гости на Средното уметничко школо “Иван Горан Ковачиќ” со поддршка на градоначалникот на градот Кисељак.

“Прво мора да го земеме во предвид фактот дека овој град на 4 октомври 2О24 година се соочи со најголемите поплави во своето постоење. И тоа од човечки аспект не наведе на мислата дека проектот во контекст на состојбите треба да се одложи. Почекавме одреден период и ја добивме Програмата што беше знак дека се останува во рамките на предвиденото.

Искрено прво не изненади како е можна огромна ефективна акција на локално ниво затоа што од поплавите за месец дена речици се беше санирано. Второ анимирањето на учениците од Средното уметничко школо “Иван Горан Ковачиќ” од Кисељак не воодушеви. Целиот наставнички колектив на чело со директорката Мирјана Медиќ беше постојано на располагање па веднаш по пристигнувањето започнавме заедно со учениците и професорите да ја поставуваме изложбата за која иако беа предвидени 2 дена ние целосно ја завршивме за 5 работни часа.

aktivnosti 2 1

Не воодушеви што во овој град од 2О.ООО жители во кој речиси и да нема невработеност немаше место за празен од па веднаш т.н. слободен ден се пополни со нова активност.

Уште првиот ден имавме неформални средби со градоначалникот Младен Мишуриќ – Рамљак кој ни го претстави Кисељак во сите свои историски – тековни и развојни програми. Како и што доликува на еден домаќин.

Вториот ден ја посетивме установата “Виножито” која е Центар за едукација и рехабилитација на деца и младинци. На огромно задоволство на штитениците поминавме квалитетно време во подготовки и изработка на наменски производи за претстојните Божиќни празници.

Следеше мала пауза и чинот на свечено отворање на изложбата на која на наше огромно изненадување хорот “Напредок”  од  Крешево и тамбурашите од Брестово под водство на отец Мирко имаа брилијантни изведби на “Елено моме Елено” како и химните на двата града “Кисељак – Кисељак” и “Битола мој роден крај”.

Детален опис за нашата организација низ нејзините 56 години постоење како и светската детска ликовна изложба по конкурсот “Битола” во своето 43. издание и светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” во своето 44. издание но и за учеството на учениците од Кисељак три години по ред во Битола говореа професорката Ивана Рибичиќ – професорката Лидија Кусин и директорката Мирјана Медиќ додека во име на организацијата свое обраќање имав јас додека изложбата за отворена ја прогласи градоначалникот на Кисељак – Младен Мишуриќ – Рамљак.” – истакна Славчо Неделковски од ДЛС.

Во петдневната работна посета се реализираа низа работилници со учениците а програмата беше интересна – едукативна – афирмативно промотивна – културолошки и историски истражувачка.

Во деновите кои следеа се посетија црквите – манастирите и музеите на соседните општини Крешево каде се реализираше и средба со градоначалникот и општина Фојница. Целиот проект беше поздравен и од страна на Министерството за цивилни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина и со лично присуство на заменик министерката Мирна Павловиќ. Директорката на средното школо и Градоначалникот ја најавија и иницијативата изложбата да стане традиционална но и најавија нов проект за формирање на нова детска ликовна колонија во Кисељак.

“Беше уникатно искуство на домаќинско добредојде по кое ние низ сите пет дена обемна програма чувство како да сме дома што градоначалникот на официјалниот прием го најави и како почеток на постапка за збратимување на нашите градови а на која во име на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола му беше подарен и цртеж од ликовната колонија со традиционалната тема староградска битолска архитектура а од наша страна беа доделени Благодарници на градоначалникот и директорката на школото за поддршката на своите ученици – сограѓани три години по ред преку својот талент достојно да го претставуваат својот град и својата земја на “Мал Битолски Монмартр”.

Воедно со нашиот член на МУО професор Лидија Кусин имавме работни средби во врска со 44. издание на колонијата во 2О25 кое по се изгледа повторно ќе има нови рекорди како на пат кон Кисељак добивме допис од Владата на Колумбија дека преку министерствата за образование на земјите на Латинска Америка ќе спроведе огромна активност за учество на конкурсот со цел и учество на учениците од овој дел на светот во Битола на Монмартр”. – истакна Хаџи-Антоновска.

Во меѓу време Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола работи во полна пареа со своите членови по тековни конкурси како само за оваа 2О24 година цифрата на светски награди надмина 3ОО а иако рокот за конкурсот е до 2О февруари 2О25 година веќе започнаа да пристигнуваат првите пратки со цртежи од сите страни на светот.

Не ги прашувај луѓето колку те почитуваат – тоа се гледа на нив
Не мораш да ги прашуваш луѓето колку те почитуваат – тоа се …
Магијата на филмот оживеана во музика – незаборавен концерт на Кирил Џајковски
На 16-ти јуни, во Националната опера и балет, Кирил Џајковски одржа целовечерен …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…