file QY6F46kkm1qoN7xcuJJnki

Во овие денови на тага, кога Македонија жали за трагичната загуба на младите животи во Кочани, зборовите ја губат својата сила, а болката го обзема секое срце. Наместо вообичаената радост со која го дочекуваме 21-ви март, овој пат го одбележуваме во тишина, со почит и сочувство кон семејствата на загинатите.

Светскиот ден на поезијата, кој по традиција го славиме на овој датум, денес нека биде повод за сеќавање, за солидарност, за заедничка мисла и молитва. Нека стиховите бидат наша утеха, нека зборуваат таму каде што болката е непоимлива.

Во чест на прерано згаснатите животи, споделуваме стихови на големиот македонски поет Ацо Шопов…

,„Исцедете, ограбете
пот и труд и меса голи,
уста пуста затворете
да не каже оти боли.

Очи црни ископајте
да гледајат не давајте,
раци машки прекршете
срце лудо наранете.

Угаснете и светлини!
Мрак да биде – каракамен.

Има, има – в темнината
нешто живо пак да свети:
има болка на душата
има души наранети.

Болка боли – болка гори
болка тече, душа мори.
А болката кога свети –
тешко, тешко, тешко клети!”

Нека почиваат во мир.

Зошто сме постојано уморни и кога ништо не правиме
Никогаш немаме работено повеќе – а никогаш не сме биле поуморни. Деновите …
Македонското вино и храна – Совршена симфонија на вкусовите
Виното секогаш ја следи храната, со својата разновидност на вкусови, ароми и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…