Актерот Робин Вилијамс почина во 2014 година, а неговите мудри зборови секогаш ќе ги паметиме.
„Порано мислев дека најлошото нешто во животот е да се биде сам на светот. Тоа не е. Најлошата работа во животот е да завршите со луѓе покрај кои се чувствувате целосно сами“.
„Мислам дека најтажниот човек секогаш се труди да ги усреќи луѓето, бидејќи знае како е да се чувствуваш бескорисно и не сака некој друг да се чувствува така“.
„Ќе поминувате низ лоши периоди во животот, но секогаш ќе бидете свесни за работите на кои најмалку сте обрнале внимание“.
„Ве молам престанете да се грижите толку многу. На крајот, никој од нас нема да остане долго на Земјата. Кога сте под стрес, погледнете го небото и ѕвездите“.
„Имагинацијата си го наоѓа својот пат. Пораснав како единствено дете, па имагинацијата беше неопходност, како механизам за преживување“.
„Има многу работи што треба да се научат. А грешките можат да бидат убави“.
„Ако ви е дадена само мала искра на лудило – не смеете да ја изгубите!“
„Без разлика што ќе ви кажат другите, зборовите и идеите можат да го променат овој свет“.
„Никогаш не се расправајте со лута личност бидејќи тој нема што да изгуби“.