IMG 6614

Претставата „Црно семе“ во продукција на Битолскиот народен театар, базирана на романот на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, ќе биде изведена во рамки на официјалната програма на 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Изведбата е закажана за сабота, 7 јуни, со почеток во 19 часот.

IMG 6617

Сценската адаптација на култниот роман, која ја потпишува Јелена Цветановска, се фокусира на трагичната судбина на Македонците од егејскиот дел на Македонија затворени на пуст остров во Егејското Море. Режисерот Цветановски преку визуелно силна и емоционално суптилна поставка успева да ја оживее драмата, истакнувајќи ја човечката интимност во судир со политичките превирања.

Актерската екипа, составена од Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Никола Пројчевски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Александар Димитровски, Александар Копања, Марија Цветановска, Петар Спировски, Живко Борисовски и Хари Михајловски, внесува автентичност и длабочина во секој лик. Во претставата учествуваат и четворица млади членови на КУД „Илинден“: Давид Балтовски, Филип Стефановски, Виктор Крстевски и Александар Ѓорѓиовски.

IMG 6618

Креативниот тим го сочинуваат: Сергеј Светозарев (сценографија), Благој Мицевски (костимографија), Димитар Андоновски (музика), и Дамјан Цветановски (кореографија). Освен оригиналната музика, во претставата се користи и песната „Бело море“ од групата Мизар, како и композиција од хорот „Хармосини“.

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ оваа година го отвора претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, а ќе биде затворен на 13 јуни со претставата „Вистината 2“ на Театар Комедија. Во рамки на фестивалот, наградата за животно дело ќе ѝ биде доделена на доајенката на македонскиот и битолски театар, Соња Михајлова.

Со концерт на Ningbo Symphony Orchestra свечено отворено 56. издание на „Илинденски денови“ во Битола
Со концерт на светски познатиот Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина, …
Понекогаш ја забораваме сопствената вредност
Има една лоша работа во секој од нас. Понекогаш забораваме колку навистина …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…