Bojana

„Кај што сонце грее, љубов извира… Во мене желба тлее назад да се вратам пак…Кај што среќно пеев, душа остана… А, штом те спомнат тебе, знам дека си бесмртна…” дел од најновото музичко парче во изведба на Бојана Скендеровски, насловено „Дома”. Темата всушност е првата композиција од проектот што Бојана го работи со Николче Мицевски, а кој е во фаза на реализација и кој јавноста ќе има можност да го слуша премиерно во периодот кој е пред нас.

Bojana2

Интересно е дека токму за „Дома”, Бојана во соработка со Таско се јавува и како автор на текстот, додека музиката и аранжманот се со потписот на маестро Николче Мицевски.

„Сакав да понудам поинаква музика, музика со емоции, душа и затоа едвај чекам да слушнам што мисли мојата публика, моите фанови. Она што во моментов можам да го кажам е дека заедно со Николче и Таско направивме едно искрено парче музика, направивме една убава, родољубива современа песна и сите чувства кои ги имавме за оваа прекрасна земја ги преточивме во музичко парче на кое сум горда. Се надевам дека ќе ви се допадне”, вели Бојана и додава дека „Дома” е првата песна од новиот материјал, што заедно со песните кои ѝ ја одбележаа 23-годишната кариера ќе бидат дел од солистичкиот концерт закажан за 13 декември.

Bojana1

Видеото за „Дома” е со потписот на Скендеровски продукција, а директор на фотографијата е веќе проверениот соработник Бојан Стоилковски.

Во меѓувреме, Бојана освен на новиот материјал, неуморно работи и на продолжението, односно вториот дел од проектот „Македонијо во срце те носиме”.

„Периодов сум на растргната меѓу мојот солистички проект и работата на продолжението на „Македонијо во срце те носиме”, но сѐ се тоа слатки маки. Едвај чекам да чуете и видите што е сработено и, секако, се гледаме на концертите низ Македонија”, додава Бојана.

Филмски репертоар во кино Манаки за оваа недела
Празнувањата се зад нас, а новата година ја започнуваме со атрактивна филмска …
Што значи да се биде Битолчанец денес
Да се биде Битолчанец денес значи да носиш во себе богатство на …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…