etno makedonija

Од 14 до 24 јули Битола повторно ќе биде домаќин на меѓународниот камп за традиционална музика „Етно Македонија“, кој годинава се одржува по шести пат во организација на Музичката младина на Македонија. Кампот и оваа година ќе го претвори градот во место на музичка размена, креативност и меѓукултурен дијалог.

Во текот на десетте дена, млади музичари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска и Шпанија ќе работат заедно, учејќи традиционална музика едни од други по слух, според препознатливата Ethno методологија.

Годинашни уметнички ментори се Ангел Спироски (Македонија) и Џули Граехн (Данска), која минатата година беше учесничка на „Етно Македонија“. По успешното завршување на меѓународната обука за Ethno уметнички ментори, оваа година таа се враќа во Битола во нова улога – како ментор. Координатор на проектот „Етно Македонија“ 2026 е Верица Ајтовска.

Во текот на кампот, учесниците заеднички ќе создадат концертна програма составена од традиционални мелодии од сите земји учеснички. Иако најголем дел од нив никогаш претходно не се сретнале, за само неколку дена ќе подготват заеднички концерт кој ќе биде изведен на 23 јули, во рамките на фестивалот „Илинденски денови“.

Публиката ќе има можност да ужива во уникатен музички спој на традиции од различни делови на светот, создаден токму во Битола – град кој и ова лето ќе биде место каде музиката ги поврзува културите и луѓето.

jk viber
Битолскиот театар го носи Шекспир на „Охридско лето“ со „Кориолан“
Народниот театар Битола е подготвен за премиерната изведба на својата најнова продукција …
Не го трошете времето на работи и луѓе кои не вредат
Имаш малку време. Сè помалку. Не го трошете на работи што не …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…