Под мотото „За 8 години – 0 вело инфраструктура“, денеска во Битола се возеше 62-та по ред Критична маса на граѓанската иницијатива Битола на точак.

Првата критична маса се одржа во мај 2014 години кога ги повикаа граѓаните да излезат и недвосмислено да упатат порака до јавните функционери дека сообраќајот во Битола е практично насилие на асфалтот кое се негува и храни со политиките кои се верглаат со децении, а посебно последните години. Сето ова резултира со истиснување и бркање на граѓаните кои се движат на алтернативни начини (пешки, #наТочак, со помагала поради физички попречености, родители со мали деца и сл.) од градските улици и нивно принудување на премин кон движење со кола како единствен начин кој е безбеден во дадениве услови.

И по 8 години, градот не само што се соочува со истиот проблем туку почнува немилосрдно да се бори со наглото зголемување на бројот на возила, што создава дополнителен загушлив сообраќаен метеж, а граѓаните кои сакат да бидат активни и да се движат на алтернативните начини, да бидат фрлени во оган заедно со тешкашите на коловозот, велат од Битола на точак.

„Бараме конечно Битола да почне да инвестира во алтернативна инфраструктура, а не парите од општинскиот буџет да одат во поттикнување во моторизиран сообраќај што ни има донесено 30.000 моторни возила во градот. Она што очекуваме е намалување на потребата за коли, а не зголемување на местата за паркинг простор и сметаме дека за град со пречник од 4 км, докажано е дека за под 5 км пешачењето и велосипедскиот превоз е најбрз. Додека Европа инвестира последните две години интензивно во пешачката и велоинфраструктурата, Битола не го искористи периодот за зајакнување на одржливоста како град. Сметаме дека доцниме многу години со инвестирање во велоинфраструктура, па затоа сакаме да ја поттикнеме општината за да преземе акција. Очекуваме да се почне со работа на терен, а не само со сообраќајни студии и проекти, изјави Виктор Илиев од Битола на точак.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…