382793544 716874640481523 5465821079549176832 n

Директорот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски, оствари средба со австрискиот амбасадор, Н.Е. м-р Мартин Памер, кој гостува во Битола, по повод отворањето на 44 издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Во неговата Агенда меѓу другото е посетата на Австриската библиотека единствена во нашата држава.

Директорот м-р Бојан Стефановски и д -р Валентина Илиева -раководител на Австриската библиотека заедно го запознаа амбасадорот м-р Мартин Памер за обемот и видот на библиотечниот фонд во Библиотеката и за активностите на Австриската библиотека: бројните работилници со ученици кои го изучуваат германски јазик во нашиот град, семинари за проф. по германски јазик, литературни читања и филмови.

382723999 716874570481530 7340728152819378488 n

Амбасадорот Памер на почетокот ја разгледа библиотеката и беше запознат со начинот на работа на Библиотеката и со тековните и развојните планови на Библиотеката.

На состанокот Фатма Бајрам Аземовска- библиотекар советник го информира Амбасадорот за проектните активности од меѓународен и домашен вид.

На состанокот се разговараше за можностите за соработка на полето на културата и библиотечната дејност, како и за доближување на културите на двата народа преку меѓусебни размени на содржини од областа на културното наследство.

Исто така се разговараше за книгите кои се донација од Австриската амбасада и нивната улога во делот на популаризација на австриската култура и јазик. Беа посочени конструктивни идеи и мислења во врска со организирање на активности поврзани со запознавање на германскиот јазик и австриската култура и уметност.

На крајот се разговараше и за активности кои можат да се организираат во интерес на Битолските читатели и граѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…