canal gaf53db234 1280

Градскиот совет на Амстердам одлучи да го забрани пушењето марихуана во познатиот кварт Де Вален, попознат како квартот на „Црвените фенери“, а новиот закон ќе стапи на сила во средината на мај.

Надлежните во градот воведуваат и други ограничувања поврзани со ноќниот живот, а целта е да се подобрат условите за живот на граѓаните кои долго време се жалат на однесувањето на туристите. Според новиот закон, рестораните и баровите во квартот на „Црвените фенери“ ќе можат да работат до два часот по полноќ во петок и сабота.

Новите посетители нема да можат да влезат во Де Вален по еден по полноќ, а сексуалните работници ќе можат да ги даваат своите услуги само до три часот по полноќ. Заедно со новите закони, Амстердам напролет ќе започне специјална кампања наменета за туристите, кои во главниот град на Холандија доаѓаат поради дрога, алкохол и секс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…