„Дојди да ме бакниш бејбе“ е најновата песна на култниот рок-бенд Паркети од Битола, кој дефинитивно ја спојува рокенрол публиката ширум Македонија така што се шири една младешка весела музичка еуфорија во доба на ниски вибрации .
За песната, бендот сними црно-бел спот, во маалото каде бендот израсна, а текстот е прилично шарен, а музиката е временска машина – ритам кој никогаш не ја губи модата – добриот рокенрол, гласен и суптилен.
Со оваа песна, Паркети го збогатија квалитетот на музичката сцена, која е факт дека сѐ поретко го промовира рокенролот воопшто – музика на многу генерации и луѓе млади во душите.
Во продолжение кус муабет со Симс Себастијан Паркет за најновата песна на Паркети.
- Како се разви авторскиот концепт за „Дојдиш да ме бакниш бејбе“?
Па без некои планирања. Песната си дојде баш сега и така требало да биди едноставно. Песните на Паркети така и се создаваат без солење и пуширање, ете и на оваа песна ѝ дојде да ја види светлината. - Какви се реакциите на публиката, со оглед дека иако спотот е снимен во маалото каде пораснавте, но одамна не сте маалски бенд туку борци за правата на рокенролот?
Да не испадни дека се фалам, али нашите песни конкретно и оваа си го наоѓаат патот до публиката и среќен сум што тоа се рашири во поголеми димензии и на онаков начин на кој сакавме т.е преку рокенролот што во денешно време е многу тешко, но од друга страна е многу интересно, а тоа е најважно. - Постои можност да се врати на голема врата рокенролот и да се отфрли пластиката од музиката?
Рокенролот е секогаш тука, можеби не стално, во прв план, ама фразата дека музиката е ствар на вкус не знам дали е баш точна, се зна што е рокенрол. - Каде може публиката да ве слуша и гледа во Битола и регионот бидејќи на сите ни е потребна е удобна забава?
Околу нова година имавме четири свирки во Битола, и сега ќе направиме малку пауза со Битола, се планираат настапи низ Македонија, свирки за в лето, а и имаме планови и за надвор од границите на Макединија.