rek 3

Претседателот на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, Александар Мурговски, и директорот за развој и инвестиции во РЕК Битола, Тони Ангелески, беа учесници на дискусија за вмрежување на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), во процесот на Праведна енергетска транзиција. Главниот приоритет на овој настан на кој се обратија градоначалникот на Оштина Битола, Тони Коњановски, и амбасадорот на Шведска во Македонија, Ола Сулстром, е поттикнувањето конструктивен дијалог помеѓу институциите, локалната самоуправа, бизнис секторот, синдикатите и образовните институции, со цел да се обезбеди кохезија во дејствувањето.

Во фокусот на дискусиите беа процесите на преквалификација и дообука на кадар кој ќе може ефикасно да одговори на потребите на современиот енергетски пазар, како и имплементацијата на нови технологии и паметни решенија кои гарантираат долгорочна енергетска стабилност. Преку овие иницијативи се креираат јасни насоки за економски развој на Пелагонија кои се во целосна согласност со еколошките стандарди.

rek 2

„Нашата заедничка цел е транзицијата да биде праведна, што значи дека секој чекор кон обновливи извори на енергија мора да биде проследен со максимална грижа за работните места, локалната економија и севкупната стабилност на регионот“, велат од АД ЕСМ.

АД ЕСМ и РЕК Битола остануваат цврсто посветени на овој транспарентен процес и на тесната соработка со сите засегнати страни за успешно спроведување на сите планирани активности за подобра и позелена иднина

Блед – бисерот на Словенија
Пишува: Сара Танаскоска Во Блед времето не се брои во часови, туку …
12 мај – се празнува споменот на Свети Василиј Острошки
Тропар на Свети Василиј Острошки Глас 4 Од младоста целиот си се …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…