Галеријата и Центарот за детска уметничка креативност во Торун од Полска ги објави резултатите од XXIV конкурс на кој според организаторот на темата за 2О25 година “Секогаш зелено – секогаш сино” со насоки за тема: Kози, твореа 9.5ОО млади ликовни уметници кои генерираа над 1О.5ОО детски ликовни цртежи од деца од над 4О земји учесници учеснички.



„На натпреварот во Торун – Полска учествуваме традиционално 24 години колку и што постои. Она што го прави овој Меѓународен ликовен натпревар за деца и млади посебен е што сериозен престиж е освојувањето на награда а огромен предизвик да се стане уметник чие дело ќе е дел од изложбата која во следните 365 дена ќе патува низ Полска и земјите од Еворпската Унија.
Согласно билтенот ученичката на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола – Стефанија Димитријовска е добитничка на големо признание во својата возрасна категорија во IV група т.е. талентирани млади ликовни уметници од 14 до 16 годишна возраст ( категоријата се определува согласно датумот кога е пратен цртежот ).

Со ова како единствен претставник на Македонија – Стефанија Димитријовска ќе не претставува на изложбата од Торун и нас како организација и Битола и Македонија.” – истакна Славчо Неделковски од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Стефанија Димитријовска позната и како Спуки [17] е член на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола шест години а поради големиот талент и огромниот број награди од меѓународни детски ликовни конкурси е учесник на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр” три години по ред.







