Акумулацијата „Стрежево“ е порибена со 250 килограми крап, обезбеден од репроцентарот „Акватика“. Порибувањето се реализира како годишна обврска согласно Договорот со задолжителни количини.

Постапката е уредена со Законот за рибарство и аквакултура, врз основа на Договорот за користење на риби и други водни организми за периодот 2025–2036 година, како и Риболовната основа за риболовното подрачје „Стрежево“.

На порибувањето присуствуваше и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.
„Со заеднички ангажман на сите надлежни институции, продолжуваме посветено да се грижиме за заштитата и унапредувањето на рибниот фонд во акумулацијата „Стрежево“. Ова порибување е значаен придонес кон зачувувањето на еколошката рамнотежа и одржливото управување со водните ресурси.

Нашата определба е да продолжиме со одговорното и домаќинско управување со акумулацијата, за да обезбедиме здрава и одржлива водна средина и богат рибен фонд за сегашните и идните генерации“, изјави директорката на ЈП „Стрежево“, Вера Бешлиевска.









