teorema leme

„Теорема, леме“ работена според филмот и романот на Пјер Паоло Пазолини во режија и адаптација на Мирко Радоњиќ, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“ од Скопје ќе учествува во официјалната селекција на Фестивалот за алтернативен театар ФИАТ Подгорица во Црна Гора на 8 септември. Ова е 41 издание на фестивалот кој ќе се одржи од 4 до 13 септември во Подгорица. Претставата претходно ќе гостува на 31 август во Центар за култура Битола и на 1 септември на Фестивалот за интердисциплинарни активности „Вртешка“ на планината Плачковица во близина на Штип.

POSTER


Премиерата на „Теорема“ се случи во месец јули оваа година во Младинскиот културен центар во Скопје. Во „Теорема, леме“ играат актерите: Златко Митрески, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски, Марија Карилоска и Бранко Михајлоски, костимографијата е на Лина Лековиќ, а преводот на Наташа Сарџоска, драматург е Ева Камчевска. Фотографиите се на Јордан Звездоски, координатор на проектот е Бобан Алексоски.
Претставата продолжува кај нас со изведби после изведбата во Црна Гора.

Ова е втора мини турнеја што театар „Златен Елец“ ја направи ова лето, претходно со „Сина сенка“ во јуни, јули и август гостуваше во Прилеп, Ниш, Колашин и Скопје, а се случи и премиерата на „Свињи“ во режија на Тамара Стојаноска во Битола.

„Теорема, леме“ е проект, односно активност поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од страна на „Хартефакт фонд“ од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година и Министерството за култура и туризам.

Проектот „Култура за развој“ го поддржува независниот културен сектор во Република Северна Македонија, користејќи ја културата и уметностите за поттикнување критичко размислување за општествените прашања важни за локалните заедници. Целта е да се стимулира поотворено и демократско општество преку јакнење на социјалната кохезија, демократските процеси и општествениот дијалог, како и преку охрабрување на соработката меѓу културните институции.

Театар „Златен Елец“ моментално со многу активни претстави продолжува да ги презентира на публиката во Скопје и низ државата, но и надвор од границите и морам да се заблагодарам на сите учесници во нашите претстави кои навистина ја живеат и чувствуваат моќта и развојот на независната сцена . – вели еден од основачите, актерот Бобан Алексоски.

Денес го чествуваме Преподобен Јоаким Осоговски
Денес, 29 август, православната црква со особена почит го одбележува празникот посветен …
Смоквите се вистинско богатство за здравјето
Ова овошје е богато со природни шеќери, минерали и витамини А, Е …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…