trio

Триото „Интерарт“, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, како и пијанистката Татјана Божиновска, ќе одржи концерт во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб на 10 јуни 2026 година.

Пред хрватската публика уметниците ќе изведат разновидна програма со дела од L. Hugues, G. Shocker, A. Rubtsov, J. M. Damase, како и од македонскиот композитор Марко Виденовиќ.

received 837315402450652

Концертот претставува значајна можност за промоција на македонската музичка уметност и современото творештво надвор од границите на државата, а настапот на триото „Интерарт“ уште еднаш ја потврдува нивната активна концертна дејност и посветеност кон афирмацијата на камерната музика.

Реализацијата на концертот е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

banner JKTravel
НУ Народен театар Битола го зајакнува меѓународното присуство како основач на нова балканска театарска мрежа
НУ Народен театар Битола ќе биде меѓу основачите, потписниците и членови на …
Започнува Петровденскиот (Апостолски) пост
Православните христијани од понеделник, 8 јуни, влегуваат во периодот на Петровденските пости, …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…