monmartr 1 30.05.2026 nas

Успешно заврши јубилејното 45. издание на „Мал битолски Монмартр“, една од најзначајните и најдолговечни светски манифестации за детско ликовно творештво.

Во изминатите денови, Битола повторно беше центар на детската креативност, талент и пријателство, собирајќи млади уметници од различни делови на светот кои преку своите дела ја овековечија убавината на староградската архитектура и културното наследство на Македонија.

На свеченото затворање за најдобар ученик беше прогласена Лена Павковиќ од ликовното ателје „Артино“ од Србија, додека признанието за најдобро училиште му припадна на „Симпли Арт“ од Хонг Конг, предводено од професорите Хенри Лау и Ирис Ли.

Годинава, на 44. Светска детска ликовна изложба по конкурсот „Битола“ пристигнаа 850 пратки од 85 земји од светот, со повеќе од 85.000 детски цртежи, потврдувајќи го меѓународниот углед и значење на оваа уникатна манифестација.

Во текот на колонијата, над 110 учесници и нивните професори, ментори и родители создаваа, дружеа и разменуваа искуства, оставајќи уште едно незаборавно поглавје во богатата историја на „Мал битолски Монмартр“.

Фото: Саше Богоевски

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола, кое речиси шест децении посветено работи на афирмација на детското ликовно творештво, уште еднаш покажа дека уметноста нема граници, а детската имагинација е најсилниот мост што ги поврзува народите и културите.

До следната средба, Битола останува дом на детската уметност и град кој преку боите, цртежите и насмевките на младите творци испраќа порака за мир, пријателство и заедништво во светот.

Битолскиот дизајнер Никола Петровски ја воодушеви Подгорица: 30 години мода преточени во колекцијата „Вода“
На 27.06.2026 во Подгорица, на платото пред замокот Петровиќ, се одржа регионалниот …
Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии
Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…