tanec nas

Снежана Балканска е пензиониран играорец кој работеше во Ансамбл „Танец“. Таа и покрај пензионирањето е дел од голем број семинари, но и инструктор на деца за народните ора и песни. Во ова интервју Снежана Балканска раскажа нешто за нејзината кариера во „Танец“, за годините кога почнувала со работа, за семинарите и работата со деца.

Messenger creation C923179D 2A34 464C 9960 1BC1F2BB93A3

Читај бе: Во 1978 година бевте член на фолклорната секција при Пионерскиот дом „Карпош“, а денес сте таму во нова улога, како инструктор на идните генерации. Какво е чувството да се работи на местото каде што сè започнало, и каков е процесот на работа со деца?

Снежана: Точно, јас бев дел од Пионерскиот дом година и пол, бев дете, Тофе Дракулевски ми беше инструктор. Навистина нè научи сè, потоа нè издвои неколку девојчиња и нè однесе да играме во „Орце Николов“, потоа, во 1984 година, зимата, во декември, „Танец“ правеше своја аудиција на која што се пријавив. Тогаш за нашата генерација „Танец“ беше како да допираш ѕвезда на небото. На аудицијата имаше 22 девојки, потоа бевме избрани шест или седум девојки, потоа имавме одреден период да работиме и да го изучуваме стилот на „Танец“, потоа имаше уште една аудиција за на крајот да останеме само две девојки и така започна мојата приказна таму.

Messenger creation 332FEDFD C73C 4E23 BE41 A7CD2A56DD3C

Во однос на работата со деца, чувството е прекрасно, таа работа мене навистина ме направи подобар човек. Ќе дојдеш уморен, нервозен и кога ќе те прегрнат тие малечки рачиња и ќе довикуваат „наставничке, наставничке“, тоа е прекрасно. Ние им даваме љубов кон нашата традиција, ги учиме на многу нешта што ќе им останат за цел живот. Со нив пеевме традиционални песнички што мислам дека и кога тие ќе станат мајки ќе им ги пејат на своите деца. Децата даваат многу голема љубов. Јас имам работено со деца и со Даунов синдром, детска парализа, аутизам и немало никаков проблем, а среќата на тие деца и на нивните родители е незаменлива.

Читај бе: Вие сте пензионер кој не мирува, дел сте од семинари во Македонија, но и во Франција, Бразил и Јапонија. Како странските етнолози и етнокореолози реагираат на нашите ора и песни, односно какви се нивните импресии?

Снежана: Првите презентери на нашата култура надвор од Македонија се Атанас Коларовски и Пеце Атанасовски, тие се првите што тргнале во светот да ја презентираат македонската традиција. Странците често се воодушевуваат од нашиот ритам, од нашиот темперамент. На пример, кога бевме во Јапонија, бевме изненадени колку тие ја познаваат нашата култура, се интересираат и многу прашуваат. Некогаш нашиот фолклор им е навистина тежок, ама го сакаат и сакаат да повторуваат и да учат.

Читај бе: „Танец“ и вие сте во нераскинлива врска. Која е првата асоцијација кога некој ќе ви го спомене „Танец“?

Снежана: Јас и кога отидов во пензија, реков: „Танец“ е дел од мојот живот. Јас таму отидов пред 19 години, а си отидов на 55. „Танец“ ми даде многу и навистина сум благодарна бидејќи да не бил „Танец“, немаше да се изградам на ваков начин, немаше да сум инструктор, да шетам по светот. Музиката лекува, јас не сум запознала човек што игра или пее, а да има негативни чувства.

Messenger creation 0970D6E3 466B 49D6 BFD6 7238F8710C37

Читај бе: Кое патување со „Танец“ ви останало најмногу во сеќавање и зошто?

Снежана: Ќе го издвојам патувањето во Јапонија, сум била три пати, еднаш со „Танец“, а потоа и на семинари. Јапонија е како да си во друга галаксија, а многу се слични на нас, таму е патријархат, но иако се во толку голем број, тие функционираат беспрекорно. Дури и кога ќе се судрите со некого на улица, тие се поклонуваат и се извинуваат, имаат многу голема почит.

Messenger creation 5561BB4A CE6D 4F1A AB33 67E5DFCF9ABE

Читај бе: Како ја доживеавте разделбата со вашата матична куќа „Танец“, по пензионирањето?

Снежана: Јас многу се подготвував за тој момент, бидејќи сум ги гледала моите претходни колеги, кога оделе во пензија имале депресија, не можеле да се помират дека не се веќе дел од „Танец“. Нашата работа навистина е тешка, во времето на Југославија имаше бенефициран работен стаж и се одеше во пензија на 43 години, јас не го достигнав за 9 месеци, но сега син ми е таму, па некако не ми падна толку тешко. Тоа беа големи емоции, тешко е кога се делиш со некој со кој што си се држел 30 години за рака, ние заедно патувавме, за сè си помагавме. Јас и сега да се вратам во тие години, пак ќе го одберам „Танец“. Секогаш велам дека за сè што работиш мора да имаш љубов, бидејќи ако е поинаку, ќе биде многу тешка професија.

Читај бе: Која кореографска поставка ви е омилена за играње и зошто?

Снежана: Кога си млад сакаш ора кои се потемпераментни, но оро што мене секогаш ми буди најголеми емоции е „Невестинско“, Западна Македонија. Пред да дојдам во „Танец“ ќе ги гледав на сцена и секогаш велев дека се како кралици, играа со достоинство и со стил.

Messenger creation 5FEFBC1E EF0D 451E BCA7 7A074DBAC2DB

Читај бе: Некој што чекори по вашите стапки е и вашиот син, кој исто така е етнокореолог. Како го поддржавте во таа одлука и кој совет најчесто му го повторувате?

Снежана: Да бидам искрена, во почетокот не сакав, бидејќи знам дека телото на играорецот многу се троши, се исцрпува. Имаме многу патувања, веднаш потоа и концерти и навистина нашата работа е многу тешка. Но сега, тој си е исполнет со работата и јас сум среќна кога гледам колку го сака она што го работи.

Messenger creation 3392FA53 B20B 431D B058 EA063A15360A

Читај бе: Кое е она што сте сакале да го постигнете во вашата кариера, а не сте успеале?

Снежана: Прво, многу ми е криво дека не го завршив факултетот,а кога отидов во „Танец“ јас реков дека никогаш нема да бидам само целина, па така бев и асистент и солист, се издвоив и како голем работник исто така бев и првенка на ансамблот.

Читај бе: Дали сè уште ги следите концертите на „Танец“ и, доколку да, кој би го издвоиле како највпечатлив?

Снежана: Најголем впечаток ми остави концертот на Филхармонија и „Танец“, навистина убав проект. Спој на класична и народна музика, а толку убава целина.

Messenger creation 2BAD52A5 B718 41B4 B983 E15C9628B04D edited

Читај бе: Како изгледаше еден ваш работен ден во „Танец“?

Снежана: Доаѓаме во осум, веќе во девет часот ние мора да сме подготвени во сала, имаме загревање од 45 минути, потоа имаме пауза за ручек, потоа имаме часови. Работевме секој работен ден, со дружба и со смеење. Доколку сме пред концерт или пред турнеја, ние секој работен ден ја играме целата програма, сите седум, осум кореографии.

Messenger creation 41FF7951 6D8A 4D39 9C1A F94EE6714CEB edited

Читај бе: Кои се луѓето од кои сте учеле и на кои им симнувате капа и до ден-денес?

Снежана: Па, прво би го споменала Тофе Дракулевски, тој ми бил прв учител. Во „Танец“  Вера Димитрова, Марија Поп Николова, Ристо Индовски, тој имаше големо стилско играње… Има многу од кои што сум учела и на кои им симнувам капа.

Читај бе: Која порака би им ја упатиле на младите кои сакаат да се занимаваат со вашата професија?

Снежана: Ќе им порачам дека треба да си ја чуваат традицијата и да работат со многу љубов.

Рузмаринот – Мирисно богатство со лековити својства
Рузмаринот (Rosmarinus officinalis) е повеќегодишна, зимзелена медитеранска билка позната по својот интензивен …
Утринските навики на најдолговечните луѓе на светот кои ние ги игнорираме
Пет изолирани острови каде луѓето ја доживуваат „стотката“ повеќе отколку во остатокот …
meblo trejd mialnici 2
You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Самото читање на „Пролет” од Блаже Конески ја створи мелодијата за песната – интервју со Сара Петровска

Сара Петровска е дипломирана оперска пејачка. Родена 1997 година, во Битола, каде…