man 3959784 1920

Во животот, некогаш тишината му одговара на човек повеќе од сѐ, веројатно затоа што му дава можност да разбере дека за најдобрите работи во животот нема потреба од многу зборови, материјално докажување.

Има такво време кога во животот, човекот повеќе нема огромни неостварени соништа, кога амбициите ги сведува на минимум, кога ќе сфати дека најголем успех е што се разбудил утрото и може да го проживее денот токму онака како што сака.

Доаѓа време, кога човекот сфаќа дека не му се потребни големи промени, предизвици, туку посакува да му се случи мир, да ѝ се посвети на некоја добра книга, да ужива во добра музика, вкусна храна.

Доаѓа време, кога човекот повеќе не дозволува да биде несреќен поради минатото. Поради нешто кое не се одвивало онака како што тој посакувал да се случи – сфаќа дека животот и со криви линии може да напише вистинска приказна.

Така човекот станува тивок и ја разбира суштината на животот, сфаќа дека ситниците не се секогаш ситници. Не прави драми од проблемите со кои се соочува.

Како што станува човекот тивок, така расте, затоа што има можност подобро да ги разбере настаните и луѓето – успева да ги занемари безначајностите и токсичните луѓе – своето време му го посветува на она што навистина му е приоритет.

Доаѓа време кога успехот се мери со тишина, бидејќи така човек може да се погледне во огледало свесен дека ништо никому не му должи, не го продал својот образ и карактер во замена за некој беден интерес.

Сфаќа дека ова малку време кое го има – му е потребно да излезе од сите битки кои ги води и да живее една нова димензија на животот – тишината и да биде во мир со себе.

НУ Народен театар Битола го зајакнува меѓународното присуство како основач на нова балканска театарска мрежа
НУ Народен театар Битола ќе биде меѓу основачите, потписниците и членови на …
Триото „Интерарт“ со концерт во Македонскиот КИЦ во Загреб
Триото „Интерарт“, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, како …
banner strezevo
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…