Пишува: Сара Танаскоска
Интернетот стана бастион на слободата, јасно е. Секој од нас е новинар, инфлуенсер, говорник, сите имаме мислење кое „ечи“ на социјалните мрежи. Истото тоа мислење се темели врз собрани ставови и наративи. Можеби токму тука започнува коренот на еден проблем и дилемата за него. Дали тоа мислење е на еден млад човек или на алгоритмот? Кој го креира јавното мнение?
Денес, младите генерации растат со телефон во рака уште пред да почнат да размислуваат критички. Од мали нозе веќе „скролаат“ низ туѓи среќни моменти кои се избрани со големо внимание, а целта е да се создаде фикција за убавото. Вестите веќе не ги бараме ние, само не пронаоѓаат. Така тивко влегуваат во нашиот разум за подоцна да владеат со истиот.
Едно reel-video, еден „експерт“ со добра камера и малку повеќе самодоверба и веќе сме убедени дека знаеме нешто друго што спротивната страна не го знае. А вистината никогаш не била погласна, во исто време никогаш не била ни потешка за препознавање. Тоа скршено огледало на сегашноста стана пелин на иднината.
Медиумската (не)писменост има друг облик. Не се манифестира со незнаење во класична форма туку напротив таа изгледа како преголема сигурност. Секој има став за политика, за болест, за психологија, за војни, за љубов, за туѓи животи. Но ретко некој да застане за момент и да се запраша „Од каде ми е оваа информација?“ или „Кој го објави ова и зошто ме тера да мислам вака?“.
Алгоритмите не не’ учат да мислиме. Не’ учат да реагираме. Да се налутиме брзо, да осудиме побрзо и да заборавиме уште побрзо. Скроламе трагедии меѓу рецепти и смешни видеа.
Денес сме револтирани, утре веќе има нов тренд. Колективната меморија трае колку Instagram story. И можеби најопасно е дека младите веќе не разликуваат популарност од кредибилитет. Некој со илјада следнебници на својот тик-ток профил, автоматски станува авторитет. Вистината во овој случај е тивка, ама штета. Често пати оние вистински информации се без соодветен ефект.
Во време кога сите зборуваат најголема вештина е да знаеш да одберен кој да слушаш. Медиумската писменост не е лускуз, туку потреба. Потоа таа не е само академски поим, стана основна потреба на секој од нас. Во оваа ера на многу информации многу е лесно да бидеш изманипулиран, да живееш во заблудата на современата реалност.
И можеби вистинската зрелост на оваа генерација нема да се мери по тоа колку информации консумира, туку по тоа колку од нив знае да преиспита што всушност гледа.







