Лудост е
да ги мразиш сите рози
затоа што една те изгребала со трнот,
да се откажеш од сите соништа
затоа што еден не ти се остварил,
да се откажеш од сите обиди
затоа што еден пропаднал.
Глупост е да ги осудиш сите свои пријатели
затоа што еден те предал,
да престанеш да веруваш во љубов
само затоа што некој бил неверен
или не те сакал со возвратена љубов,
да ги отфрлиш сите свои шанси за среќа
затоа што нешто тргнало наопаку.
Секогаш ќе постои нова прилика,
нов пријател,
нова љубов,
нова сила.
За секој крај
секогаш постои нов почеток…
„А сега, еве ја мојата тајна,
една многу едноставна тајна:
само со срцето
може да се види правилно;
она што е суштинско
за очите е невидливо.“
Од книгата Малиот принц – Антоан де Сент-Егзипери.
Колку човек повеќе знае, толку и верата ќе му биде посилна – моќни цитати од писателот Владимир Костов
Владимир Костов (Битола, 22 септември 1932 – Битола, 3 јануари 2023) е …
Раскажи ми приказна: Ученикот…и читањето
„Учителе, толку многу книги имам прочитано, но на повеќето не се сеќавам. …








