bile megafon

Како да живеам праведно и мудро, кога одамна светов, ова општество има останато без главниот капетан на бродот, а ловењето на риби во матно е перманентно секојдневие.

Реторичко прашање со точка.

Природниот часовник не отчукува со иста динамика ко оној на ѕидот. Животот во природата, животот на растителниот и животинскиот свет е поделен на бројни етапи, низ кои се развиваат и растенијата и животните, само човекот и неговите потреби доживуваат и преживуваат најразлични фијаска поради потребата да се пресконе редот или да се оди преку ред.

Повеќе и не вреди да се говори за човечност, затоа што и оние кои повикуваат на човекољубие,емпатија, соединување – едно зборуваат, а друго прават. Да, има исклучоци, секогаш има исклучоци.

Здрав коњ може да служи за многу работи, мртов коњ не служи за ништо.

Кога човек ќе се соочи со тешка здравствена состојба, која ќе го мотивира да направи ретроспекција на неговиот дотогашен живот – што вредело, а што не вредело многупати му доаѓа силно да си ја чукне главата од ѕидот, силно да си ја чукне. Боли освестувањето.

Па така, луѓето (клише муабет) сфаќаат колку вредат работите во животот, откако ќе ги изгубат. Но, додека срцето пулсира, а мозочните клетки го препознаваат кислородот има надеж дека не е сѐ изгубено.

Не се согласувам со реченицата „Секој е заменлив“, затоа што суштината на животот не е  работата во фабрика, постигнување на норми, осумчасовен престој во хангар, бркање на рокови, избирање на слаткоречиви зборови за да му се погали егото на претпоставените, земање од себеси за да им се даде на другите.

Многумина се сигурни дека не се присутни во светов за да воодушеват некого.  Сепак, да не заборавиме, истите, вклопените, послушните …. и така натаму не го менуваат светот.

Но, од друга страна да, секој е заменлив – „Кралот е мртов! – Да живее кралот!“  – Онаму каде што има многу смет има и многу муви.

13 награди од УНЕСКО за учениците од ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ – Битола и посебно признание за студиото
Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО, со седиште во …
Што ве прави посреќни: времето или парите?
Времето не е пари, како што сакаат некои да кажат. Времето е …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…