mayfair

На 12 септември во Битола на мал круг гости им беше претставен Mayfair Lounge Bar & Shisha – нов урбан концепт кој сѐ уште е во завршни подготовки. Ова претставување беше т.н. soft opening, а пошироката јавност наскоро ќе биде известена за големото отворање. Зад овој проект стои Алберт Ќеримов, кој по долгогодишно искуство на интернационалната угостителска сцена, меѓу кои и како генерален менаџер во ресторанот на Гордон Ремзи во Куала Лумпур, се враќа во родната Битола за да донесе ново ниво на гастрономија и забава. Mayfair Lounge Bar & Shisha се наоѓа веднаш до Грчкиот конзулат во Битола.

img 550a9681239e81474466d0b588d7e4a8 v4018280518952241725

Читај бе: Најнапред, кое е значењето на името „Mayfair“?

Алберт Ќеримов: Mayfair е еден од најпрестижните квартови во Лондон – симбол на елеганција, луксуз, ексклузивност и космополитски стил на живеење. Со изборот на ова име сакавме да ја пренесеме таа атмосфера во Битола – место каде луѓето ќе се чувствуваат дел од светска метропола, но со топлината и духот на нашиот град. Нашата порака е јасна: Mayfair значи „повеќе од локал“. Тоа е стил на живот, ново искуство и свежа енергија.

Читај бе: Во Битола има многу локали, но да се изгради „урбан бренд“ бара многу повеќе. Како Mayfair Lounge Bar & Shisha ќе изгради свој уникатен идентитет и ќе стане препознатливо место на градската сцена?

Алберт Ќеримов: Mayfair не е само уште еден локал – тоа е концепт, енергија и искуство. Нашата идеја е да изградиме бренд кој ќе носи печат на урбаност, елеганција и квалитет. Со внимателен избор на ентериер, музика, пијалоци и услуга, сакаме Mayfair да стане препознатливо место каде битолчани и гостите од странство ќе се чувствуваат дел од нешто поинакво – нешто што ја подига градската сцена на повисоко ниво.

Читај бе: Вашето искуство со врвни брендови во гастрономијата е големо – доаѓате од позиција генерален менаџер на ресторанот на Гордон Ремзи во Куала Лумпур, Малезија. Кога го создававте концептот за Mayfair, кој беше моментот кога си рековте: „Да, ова е нешто што Битола досега не го видела“?

Алберт Ќеримов: Тоа беше моментот кога ја поврзав светската угостителска култура со нашата битолска душа. Битола е гладна за нешто ново – космополитско, но сепак блиско. Кога го оформивме концептот (ентериер, мени, винска соба, музика) со детали кои се среќаваат во големите метрополи, тогаш знаев дека овој проект ќе донесе ново поглавје за градот.

Читај бе: Еден локал не е само храна и пијалок, туку и атмосфера, музика и енергија. Како ќе ја создавате таа атмосфера што ќе ги тера луѓето повторно да се враќаат? Дали подготвувате нешто ново за Битола?

Алберт Ќеримов: Апсолутно. Атмосферата ќе биде комбинација од модерен ентериер, селектирана музика и услуга на повисоко ниво од стандардот. Тоа е нашата магија – детали кои влијаат на сите сетила. Од современиот ентериер и амбиенталната музика, до персоналот со интернационално искуство во угостителството. Таа комбинација на светски стандарди со нашата топлина и гостопримство е клучот што ќе нѐ издвојува.

Читај бе: Битола има силна кафе-култура и навики на дружење. Како таа традиција ќе биде вметната во концептот на Mayfair, а сепак да изгледа современо и светски?

Алберт Ќеримов: Тоа ни беше многу важно. Не сакаме да изгубиме ништо од битолскиот дух – напротив, сакаме да го надградиме. Кафето и дружењето остануваат во срцето на Mayfair, но во модерен контекст: квалитетни мешавини, внимателно креирање и атмосфера што е и битолска и светска во исто време. Таа комбинација е вложување за разликата што сакаме да ја направиме.

Читај бе: Освен услугата и атмосферата, храната и пијалоците сигурно ќе носат свежини. Може ли да откриете нешто интересно од менито?

Алберт Ќеримов: Ќе откријам само мал дел: имаме уникатна селекција на коктели и специјални мешавини за наргиле, инспирирани од светски трендови, но адаптирани за нашиот пазар. Во делот на храната, горд сум што главен шеф е Анета Јанакиевска, со богато искуство од Малта. Таа прифати да биде дел од Mayfair затоа што споделуваме иста визија за вистинско угостителство.
Кај нас нема да најдете класични јадења на скара или огромни менија. Наместо тоа – внимателно селектирани јадења со модерен твист и сезонски менија. Секогаш свежо, различно и инспиративно. Кујната ќе стартува со мезе во првиот месец, а целосното мени со специјално дизајнирани јадења ќе биде достапно од зимската сезона.

Читај бе: На крај, која е вашата порака до битолчани пред големото отворање?

Алберт Ќеримов: Mayfair е создаден со љубов и страст, за Битола. Сакам битолчани да почувствуваат дека добиваат простор каде што можат да се релаксираат, да се дружат, да уживаат и да бидат горди што во својот град имаат место кое не заостанува зад светските трендови. Ве очекуваме со отворени врати и многу енергија!

Орхан Памук: Мудрости што остануваат запишани во времето
Овие цитати на Орхан Памук одекнуваат низ времето. Овој турски писател и …
Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Самото читање на „Пролет” од Блаже Конески ја створи мелодијата за песната – интервју со Сара Петровска

Сара Петровска е дипломирана оперска пејачка. Родена 1997 година, во Битола, каде…