Битолскиот бенд Паркети ја претстави својата најнова песна со наслов „Љубичица“, придружена со впечатлив видео-спот снимен во суровата убавина на Мариово – снимен во еден ден, во еден здив.
„Љубичица“ е психоделичен рокенрол со свеж, но препознатлив звук кој потсетува на раното творештво на Паркети. Песната е певлива, енергична и веднаш влегува во уши, со стихови кои допираат до сржта на градскиот рок-бунт.
„На асфалтот љубичица“ – оваа едноставна, но моќна слика, според членовите на бендот, совршено го опишува чувството на рокенролот: нежност среде грубост, поезија во урбаниот хаос.
Со „Љубичица“, Паркети уште еднаш покажуваат зошто остануваат едни од најавтентичните бендови на македонската рок сцена.
Просо за појадок: Мало зрно со голема моќ
Во морето од модерни трендови за исхрана, едно старо зрно тивко се …
Совршен напиток за зајакнување на имунитетот во зимскиот период
Зимата е време кога телото е подложно на настинки и грип, па …








