sveti petar i pavle

Православните христијани од понеделник, 8 јуни, влегуваат во периодот на Петровденските пости, кои ќе траат до 11 јули, а веќе наредниот ден, на 12 јули црквата го слави големиот празник Свети апостоли Петар и Павле. Овој пост е еден од четирите годишни пости во православната традиција и е подвижен — секоја година започнува и трае различно, во зависност од датумот на Велигден. Оваа година, Петровденските пости траат 34 дена.

Постот е време на смирение, воздржување и духовна подготовка. Црквата ги повикува верниците да се воздржуваат од мрсна храна, но и од лоши мисли, зборови и дела. Телесниот пост не е цел сам по себе, туку средство за прочистување на душата, за приближување до Бога преку молитва, исповед, причест и добротворни дела.

За разлика од Велигденскиот и Божиќниот пост, Петровденскиот е нешто полесен во однос на исхраната – се дозволува консумирање на риба, масло и вино во одредени денови, освен среда и петок кога важат построги правила. Целта е верникот доброволно и со љубов да го прифати постот како време на внатрешно обновување.

1000009978

Постот завршува на 12 јули, на денот кога црквата ги слави двајцата најголеми апостоли — Петар, кој прв го исповеда Христа како Божји Син, и Павле, најголемиот проповедник на Евангелието меѓу незнабошците. Тој ден во храмовите се одржуваат празнични литургии, а верниците се причестуваат како духовна круна на постот.

Oвoј наш живoт нe e жeтва туку сeидба, и труд, и пoт, и страв – Петровден, денот посветен на Светиот Апостол Петар
По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да …
Собирајте моменти, а не предмети
За повеќето луѓе, парите се ограничен ресурс. Сепак, економистите се согласуваат дека …
meblo trejd stupcina
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…