„Наставничке Ве сакаме”. Вака во паркот ја пречекаа својата наставничка Јасмина Ортаковска, учениците од 5-1 одделение од ОУ „Тодор Ангелевски” Битола.
Моменти полни со емоции, солзи, среќа и многу прегратки. Никој не можеше да ги сокрие емоциите во себе. 22 пораки за најсаканата наставничка со која се збогуваа на крајот од оваа учебна година за нивното заедничко патешествие.
Со забава во градскиот парк, торта и дружба си споделија сеќавања за изминатите 5 години поминати заедно.
Токму вакви моменти не потсетуваат дека образованието не е само пренесување знаење, туку создавање љубов, доверба и спомени за цел живот.
Фото: Саше Богоевски


















Кој е посреќен, а кој попаметен – љубителите на кучиња или мачки?
„Кавгата“ околу тоа дали се подобри кучињата или мачките трае отсекогаш, а …
Не заборавај кој беше покрај тебе кога ти беше најтешко
Во животот сите нè следат убави зборови кога сè оди лесно. Но, …









