Минатата недела во организација на ОСУС Кавадарци во спортската сала “Партизан” се одржа Државниот завршен турнир во кошарка (3х3) за средни училишта-момчиња и девојчиња. Учество зедоа четирите најдобри екипи од сите региони на државата. Во категоријата момчиња голем успех на екипата од Гимназијата “Ј.Б Тито” од Битола која доминантно го освои првото место. Во финалниот натпревар беа подобри од “Јосиф Јосифовски” од Гевгелија.

За екипата на Горната настапија: Наум Марковски, Благојче Димитровски, Благој Тарашовски и Лео Созовски, предводени од професорот Антонио Трпковски.

Пласман-момчиња:
- место Гимназија “Јосип Броз Тито”-Битола
- место СОУ “Јосиф Јосифовски”-Гевгелија
- место Гимназија “Никола Карев”-Скопје

Пласман-девојчиња:
- место Спортската Академија-Кавадарци
- место ДСУ “Методи Митевски Брицо”-Скопје
- место СОУ “Ѓорче Петров”-Крива Паланка
Со награди за најдобрите заврши јубилејниот „Мал битолски Монмартр“
Успешно заврши јубилејното 45. издание на „Мал битолски Монмартр“, една од најзначајните …
Кога зрачите со светлина, ги нервирате оние кои живеат во темнина
„Зависта е илјада пати полоша од гладот, бидејќи тоа е духовна глад“ …








