dlub izlozba

Во малата сала во НУ Завод и Музеј беше презентирана втората изложба од АртВар, меѓуграничната соработка помеѓу Грција и Македонија, односно меѓу  здруженијата Лигистес и ДЛУБ, како и учеството на одделот за применета уметност при Универзитетот на Западна Македонија во Грција. Основната идеја е да се зајакне уметничката соработка меѓу двете соседни држави преку истражување и запознавање на орнаментиката  на традиционалните носии низ пределите на Баба планина и нејзиното  претставување преку современа интерпретација. Орнаментика во својата суштинска смисла претставува почеток и опишување на светот.

Традиционалната носија е вообичаен феномен што што се проучува во историските димензии на блиската култура каде се родила. Планината Баба е разделник меѓу Лерин и Преспа и на север таа се простира надвор од нејзините граници, одејќи до рамнината на Пелагонија и Битола.

Традиционалната носија не се менувала лесно за разлика од денешниот израз кој варира со многу брз ритам, но тоа што е многу значајно е дека секоја нејзина промена мора да биде одобрена од селската заедница. Традициналниот етнолошки код кој освен практичните обреди да го сочува телото од студ и да му дава топлина и слично, претставува пред се паралелен знак-симбол. На овој начин традиционалната носија од различните типови добива и стабилни значења без разлика на возраста на носителот.

За оваа  иницијатива се користеше архивски материјал, фотографии, филмски записи, интервјуа итн., и околу 180 народни носии во сопственост на грчкото здружение на традиционални танци Лигистес, а консултирана е и збирката на 160 народни носии од етнолошкиот музеј во с. Подмочани во областа Преспа , Македонија, една од најбогатите етнолошки збирки.

Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од одморот, сè повеќе луѓе …
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…