Синоќа во кристалната сала на КИЦ – Офицерскиот дом во присуство на голем број битолчани, фотографи ентузијасти и љубители на фотографијата, беше отворена самостојната изложба под насловот „Монохроматска меланхолија“ на авторот Ивона Кочов.




Кочов е родена во 1975 г. а за фотографијата се заинтересирала од нејзиното детство кога често ја посетувала импровизираната лабараторија на нејзините татко и стрико.





На почетокот на 90-те години започнала и самата да се занимава со фотографирање. Како член на ФКК Битола нејзиниот интерес кон фотографијата станува се поинтензивен така да учествува на многу натпревари и изложби и самата станала добитник на повеќе награди во светот на фотографијата.







Најромантичните зимски филмови за студени вечери
Зимата е годишно време создадено за топло ќебе, шолја чај или топло …
Научници открија неочекувана причина за висок крвен притисок: Не е поврзана со стресот ниту со килограмите
Високиот крвен притисок долго време се поврзуваше со стресот, прекумерната тежина и …








