sveti serafim

Серафим Саровски е руски светец чија мудрост за животот, љубовта, духовноста и здравјето се цитира и денес. Свети Серафим не ги запишувал неговите зборови, но другите ги слушале неговите проповеди, ги пренесувале еден од друг и ги запишувале.

Според преданијата, тој живеел во колиба во шумата, во самотија и молитва. Негуваше посебна почит кон природата, сите животни и растенија. Во приказните за свети Серафим се вели дека во неговата колиба дошле многу диви животни, а тој како домашно милениче скротил мечка.

Некои од неговите најзначајни мудрости се поврзани со здравјето и ни кажуваат колку духовната состојба може да биде поврзана со појавата на болести. Денес таквите болести ги нарекуваме психосоматски.

Според Серафим Саровски, болестите се јавуваат од 3 причини:

1. Многу болести произлегуваат од фактот дека човекот станува апатичен и тажен. Постојано треба да се трудиме да имаме „радосен дух“ – радосен и среќен човек може се!

2. Може да се разболите и ако сте постојано лути и бесни на другите. Не треба да дозволите негативните чувства да ви навлезат во душата, вели Саровски, потребно е да ја одржите хармонијата и мирот во себе. „Најди мир во душата и илјадници ќе се спасат околу тебе“, рекол светителот.

3. Ризикот од болест се зголемува ако човек постојано прави некакво лошо дело. Како резултат на тоа, се појавува некаква болест. Тоа не се случува за да човек страда, туку му се дава за да има време и можност да го промени своето срце, да стане подобра верзија од себе и да разбере што згрешил. „Бог не е причина за злото, не е тој што ни испраќа неволји. Често сами се доведуваме во жална состојба“.

Серафим Саровски рекол дека треба да избегнуваме жалење, но да негуваме трпение, благодарност и радост за да си го зачуваме здравјето. „Многу луѓе со години имаат послабо тело, но посилна душа.“ – Серафим Саровски


    15 (2) Јануари – Спомен на преподобниот Серафим Саровски
    1 Август (19 јули) – Наоѓање на моштите на преподобен Серафим Саровски

banner hotel molika
УКЛО со значителен скок на престижното THE Impact Rankings на Times HigherEducation — глобално признание за придонесот кон одржливиот развој
Универзитетот „Св. Климент Охридски" – Битола (УКЛО) со задоволство ја информира јавноста …
Што се подготвува: Дали Алберт Ќеримов подготвува голем проект во Охрид?
Пред неколку месеци, името на Алберт Ќеримов беше тема на бројни разговори, …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…